Писмо полно љубов до саканата личност од Скопје сити мол

pismo-polno-ljubov-do-sakanata-licnost-od-skopje-city-mall-1.jpg

„Добро утро,

Дури и в кревет, моите мисли копнеат по тебе, бесмртна моја љубена, некогаш радосна, потоа пак тажна... ја очекувам судбината, да видам дали ќе нè задоволи. Единствено можам да живеам со тебе, или воопшто да не живеам. Да, решен сум да скитам, толку долго и толку далеку, сè додека не смогнам да долетам во твојата прегратка и да се најдам дома со тебе, каде што твојата душа ќе ја прегрне мојата, во кралството на душите – да, жалам, мора да биде така. Ќе го сфатиш тоа подобро кога ќе знаеш колку сум ти верен. Никогаш ниедна друга нема да го има моето срце, никогаш – никогаш! О боже, зошто човек мора да си оди од таа што толку ја сака, зошто мојот живот во Б., каков што е сега, е беден живот. Твојата љубов во ист миг ме прави најсреќен и најнесреќен човек на светот. На моја возраст, потребна ми е постојаност, идентичност на животот. Може ли да постои тоа во нашите околности? Ангеле, штотуку слушнав дека поштата се праќа секој ден – па затоа морам веднаш да завршам, за да го добиеш писмово веднаш. Биди во мир – сакај ме... денес... и вчера.

Моите солзи се полни копнеж по тебе, животе мој, мое сè, збогум. О, продолжи да ме сакаш и никогаш не сомневај се во најверното срце.

На твојот сакан 

Л.

Засекогаш твој.

Засекогаш свој.

Засекогаш наш.

Писмото кое го напиша Лудвиг Ван Бетовен на својата „бесмртна” љубена важи за едно од најубавите и најромантичните љубовни писма низ историјата. По смртта на еден од најголемите и највлијателни композитори на сите времиња се пронајдени три прекрасни љубовни писма адресирани до неговата „бесмртна” љубов. Иако нејзиниот идентитет во писмата не е експлицитно назначен, историчарите сметаат дека станува збор за Антонија Брентано од Виена, која била мажена за трговец од Франкфурт.

pismo-polno-ljubov-do-sakanata-licnost-od-skopje-city-mall-2.png

Овој Св. Валентин и вие имате можност да напишете писмо полно со искрена љубов и да го испратите до своите најсакани од Скопје сити мол.

Ве очекуваме во Сити мол!

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...

Најчитани неделава