Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница - Козле

donacija-na-makedonski-telekom-i-grad-skopje-za-detskata-bolnica-kozle-01.jpg

  • Донирани медицински апарати во вредност од 10 000 евра
  • Донацијата е реализирана со пренамена на средствата планирани за дочекот на Нова година

Македонски Телеком и Град Скопје, денес ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Донацијата е реализирана со пренамена на средствата кои беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10 000 евра.

„Донесовме правилна одлука, заедно со Градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прославата,  за донација на  медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена институција  од ваков тип во земјата, каде дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

„Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја прилика  безусловно да придонесеме за  унапредување на  квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје“ – изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.

donacija-na-makedonski-telekom-i-grad-skopje-za-detskata-bolnica-kozle-02.jpg

Болницата за белодробни заболувања кај децата - Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот  годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава