Започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

Започнува добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој ќе ги однесе најсреќните добитници, заедно со нивните семејства на тридневно уживање во Дизниленд во Париз. Децата оваа година имаат за задача да ги нацртаат своите замисли на темата: „Крај вода одмарам и цртам“. Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испраќајте ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“, најдоцна до 04.05.2018. Предизвикот е пред децата, останува да ги земат боичките во раце и да ги нацртаат нивните омилени активности покрај вода.

zapocnuva-najgolemiot-detski-likoven-konkurs-na-ladna-001.jpg

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа, деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 05.05.2011 до 04.05.2014 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 05.05.2008 до 04.05.2011 година.

Конкурсот и оваа година е од награден карактер, а стручното жири ќе има за задача да одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ладна обезбеди супер награди и тоа: 2 тридневни патувања во Дизниленд - Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

„Една од работите кои децата најчесто и најмногу сакаат да ја прават е цртањето, и тоа не e случајно. На овој начин тие се чувствуваат слободно и лесно ги артикулираат своите размислувања и ставови кон најблиското опкружување и светот.  Среќни сме што од година во година се зголемува бројот на цртежи, и не радува што со нашиот конкурс ги поттикнуваме дечињата да ја изразат својата креативност и фантазија.“, велат од Ладна.

Повеќе информации за конкурсот, но и за многубројните изненадувања во следните недели, може да прочитате на Facebook страната на Ладна.

Испраќајте цртежи и следете не на www.ladna.com.mk

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Елена Најдоски и сопругот Бојан на романтика во Париз „Париз е секогаш добра идеја“ - напиша Елена на видеото што го сними под Ајфелов...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава