„Нè фати неподготвени“ - Скопје снегови те мачат

Завеани автомобили, преполни автобуси, такси ниту за лек... Да не задоцниш на работа навистина е научна фантастика.

ne-fati-nepodgotveni-skopje-snegovi-te-machat-01.jpg

Оваа зима за првпат во Скопје завеа снег на крајот од февруари. А сликата од градот? Веќе видена и добро позната.

Ајде да се пошегуваме малку на наша сметка:

- Да влезеш во преполните автобуси е научна фантастика.

- Да се движиш по завеаните тротоари е вистинска умешност.

- Безбедно да преминеш улица на пешачки премин, особено по пеколно лизгавата бела боја, е способност на малкумина.

- Трчањето по автобус го оставаме за на пролет. Сега го гледаш како ти заминува пред очи и тажно во себе му велиш „збогум“.

- Викаш такси и знаеш што те очекува по 10-ти пат: „Извинете, во моментов немаме слободна кола“.

- Најчеста конверзација: „Мразам снег, односно го сакам само кога сум на планина.“ – „Да, исто и јас.“

- Најчеста поплака: „Леле, до кога ќе вее?“ А почна пред помалку од 24 часа.

- Најчеста активност – „refresh“ на AccuWeather. Па, уште колку ќе трае „пеколов“?

- Возачите за време на снег? Понервозни од вообичаено. Прскање на пешаците? Па, кој ќе мисли сега на нив. Трубење? Да, да, може така ќе го стопиме снегот.

- Пријател со желба да испиете кафе и да попешачите по снегот? И тоа, за жал, на пролет.

- Фотки и видеа со снегот на социјалните мрежи? И повеќе од доволно.

- Доцнење на работа? Многу веројатно, па градот го погоди наааајголема елементарна непогода.

- На телевизија го слушаш добропознатото: „Снегот нè фати неподготвени, но интензивно се работи на расчистување на улиците“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава