УСАИД: 25 години вистинско пријателство - Континуирана посветеност за инклузија на лицата со попреченост

УСАИД во партнерство со македонските граѓани, институции, здруженија и организации, во изминатите 25 години посветено работи за подобрување на квалитетот на живот во земјата преку различни проекти, допирајќи до речиси сите сегменти од општественото живеење.

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-01.jpg

Во рамките на проектите за создавање на еднакви можности и еднаков пристап до образование и вработување за маргинализираните категории на граѓани, УСАИД континуирано работи на  подигнување на општествената свест за инклузија на лицата со попреченост во сите сфери од општественото живеење.

УСАИД во соработка со соодветни партнери, граѓански организации, медиуми и надлежни локални и јавни институции,  им овозможува на овие лица да се стекнат со практична работа, но и можност за вработување во приватниот сектор.

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-02.jpg

Така, во соработка со над 360 компании од приватниот сектор, повеќе од 40 организации кои работат во областа на застапување на правата на лицата со попреченост, јавни институции и асоцијации, во периодот од 2012 година до 2016, вработени се повеќе од 115 лица со попреченост, 12 отвориле сопствен бизнис, повеќе од 70 лица реализирале практична работа во различни компании, јавни институции и невладини организации. Преку 250 лица од приватниот сектор ги поминале обуките за менторство на лица со попреченост.

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-03.jpg

Проектите на УСАИД во својата суштина се базираат на долгорочност и креирање на долготрајни ефекти од започнувањето, имплементацијата, па се до нивното формално завршување, со цел да создадат основа за понатамошен развој на одредена сфера. Оттука, проектите за инклузија на лицата со попреченост растат и се развиваат во однос на нивните потреби и поширокиот општествен контекст, но и барањата на пазарот на труд.

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-05.jpg

Така, во моментов УСАИД во партнерство со фондацијата iVote работи на проект кој има за цел да ја зголеми  интеграцијата на младите лица со попреченост на пазарот на трудот во Македонија, со акцент на ИКТ индустријата. Во рамките на проектот е вклучена иновативна платформа со онлајн обуки за интерактивно учење, развој на деловно работење и меки вештини, како и обуки од полето на информатичката технологија.

Сите курсеви се достапни за сите заинтересирани млади, без разлика дали имаат некој вид на попреченост или не, при што курсевите во комбинација со практично искуство во компаниите ќе им овозможат на младите да се стекнат со потребните вештини за да ги надминат бариерите што го спречуваат нивното учество во работната сила на пазарот на информатичката технологија.

Крајната цел на проектот е да помага на младите со попреченост во процесот на барање работа и можности за вработување во приватниот сектор како и нивно професионално оспособување за работа во ИКТ индустријата.

Преку овој проект досега се изготвени 20 онлајн курсеви за меки и бизнис вештини во формат кој целосно одговара на потребите на заинтересираните лица, односно се прилагодени за да може да ги следат лица со оштетен вид, слух, говор или пак блага интелектуална попреченост. Ова е првпат во Македонија да бидат достапни вакви содржини во пристапен формат. Повеќе од 130 млади лица ги завршиле овие онлајн обуки, а 27 преминале во втората фаза каде се обучуваат за работа во ИКТ секторот во една од трите области: тестирање на софтвер, програмирање и мултимедија. Овие лица по завршувањето на курсевите, ќе имаат можност за работа во ИТ компаниите каде ќе можат практично да ги применат стекнатите вештини, како основа за понатамошно вработување.

Со нашите активности на ова поле сакаме да покажеме дека секој човек има специфичен капацитет, способност и талент и дека секој граѓанин може да даде свој придонес во општеството доколку му се даде соодветна можност. А да се обезбедат еднакви можности за сите е заложба на секоја држава.

Затоа се вистинските пријатели!

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-04.jpg

usaid-25-godini-vistinsko-prijatelstvo-kontinuirana-posvetenost-za-inkluzija-na-licata-so-poprechenost-006.jpg

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава