Македонски Телеком дел од акцијата „Час на планетата Земја“

На 24 март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот ќе се исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје...

makedonski-telekom-del-od-akcijata-chas-na-planetata-zemja-001.png

Македонски Телеком и годинава ќе биде дел од најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“. На 24 март (сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот компанијата ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, со што ќе се испрати порака за спас на планетата Земја.

Со години наназад, климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално е дел од глобалните иницијативи за климатски промени и одржлив развој, покажувајќи ја на тој начин не само својата општествена одговорност, туку и посветноста за заштита на човековата околина. Во таа насока, компанијата се стреми кон оддржливо општество за новите генерации, а во своето секојдневно работење постојано превзема мерки за подобрување на животната средина.

Годинава започнати се повеќе иницијативи во рамки на проектот „Тelekom Goes Green“ со кои Македонски Телеком се вклучува во борбата за чист воздух и здрава животна средина.  Возниот парк е збогатен со паметни велосипеди за здрави и корисни навики на вработените, како и со првото електрично возило, како чекор кон борбата против аерозагадувањето во главниот град.

Дополнително, Македонски Телеком применува и иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност, а намалувањето на потрошувачката на енергија го постигнува со воведување на нови современи комуникациски технологии. За контрола на потрошувачката на електрична енeргија во административните објекти воведен е систем за автоматско вклучување на светлата. Компанијата прави селекција и соодветно постапува со опасниот отпад како што е електронскиот и  електричниот отпад, отпадот од батерии и акумулатори. Грижата за животната средина се потврдува со повеќе мерки за намалување на користењето на хартија, а една од позначајните во која партнери се корисниците е воведувањето на електронска сметка како замена за хартиената. Како доказ за постојаната грижа за животната средина е и континуираното преиспитување на барањата на стандардот ISO 14001:2004.

Со поддршката во акцијата „Час на планетата Земја“, Македонски Телеком дава свој придонес во подигнувањето на свеста за климатските промени и истовремено ги поттикнува и останатите компании, поединци или организации активно да се вклучат во зачувување на здравата животна средина за идните генерациии.

Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е покренато од World Wildlife Fund организацијата, а во акцијата учествуваат повеќе од 180 држави ширум светот.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава