Свечено отворени вратите на Клубот за млади во рамките на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

Свечено отворени вратите на Клубот за млади, кој во рамките на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади ќе функционира во рамките на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија.

sveceno-otvoreni-vratite-na-klubot-za-mladi-vo-ramkite-na-proektot-za-socijalna-inkluzija-i-ekonomski-zajaknuvanje-na-mladi-04.JPG

Од 2016 година СОС Детско Село Македонија работи на зајакнување на капацитетите и компетенциите на младите невработени лица од општина Гази Баба со цел зголемување на нивната вработливост.

На младите невработени лица им е овозможено бесплатно да посетуваат обуки и курсеви за занаети, за зајакнување на нивните меки вештини, финансиска писменост, учење на странски јазици, учење на основни компјутерски вештини, обуки за развој на мал бизнис и изработка на бизнис план.

sveceno-otvoreni-vratite-na-klubot-za-mladi-vo-ramkite-na-proektot-za-socijalna-inkluzija-i-ekonomski-zajaknuvanje-na-mladi-03.JPG

За реализација на овие активности, со финансиска помош на Германското министерство за економска соработка и развој и со поддршка од општина Гази Баба отворен е овој Ресурсен Центар од каде со сервисите на СОС Детско Село Македонија се овозможува директна поддршка на лица кои се во социјален ризик.

Во овој клуб се добредојдени сите млади невработени лица од оваа општина. Работата на клубот ќе ја водат волонтери чија задача ќе биде да го  промовираат истиот, да вршат прием на нови корисници, нивно упатување и ориентација. Клубот на млади ќе функционира на принцип „од млади за млади“, т.е самите млади луѓе од општина Гази Баба ќе ја обликуваат работата на клубот и врз основа на нивни предлози и потреби ќе се формираат и активностите.

Клубот ќе работи секој ден и ќе биде отворен за заедницата. Младите корисници ќе имаат поддршка и мотивирање од страна на млади луѓе со слични искуства. Успешните млади луѓе ќе ги споделуваат своите искуства и впечатоци со корисниците преку презентации, кратки семинари, работилници и групи за поддршка.

sveceno-otvoreni-vratite-na-klubot-za-mladi-vo-ramkite-na-proektot-za-socijalna-inkluzija-i-ekonomski-zajaknuvanje-na-mladi-01.JPG

Од секојдневната комуникација со корисниците дојдовме до сознание дека особено е важно услугите, обуките и курсевите кои се нудат на невработени лица да бидат лоцирани во самата населба каде што живее социјално ранливо население заради обезбедување висок опфат, учество и посетеност. Поради тоа Клубот за Млади е лоциран во самиот Ресурсен Центар со што ја збогатуваме понудата на услуги за младите кои се во социјален ризик во нивната заедница и општина.“ - изјавија од СОС Детско Село Македонија.

Присутните најпрво ги поздрави претседателката на Управниот одбор на СОС Детско село Македонија, Зорица Серафимовска Арсовскa:

Во Клубот на млади – Youth Hub младите невработени лица од општина Гази Баба ќе добијат можност и ќе бидат поттикнати  активно да се вклучат, со што ќе се зголеми свесноста на младите, ќе се промовираат успешни приказни, ќе се споделуваат информации и знаење помеѓу врсниците, ќе се мотивираат и ќе се зголеми нивната самодоверба. Младите со учество во младинскиот клуб ќе ги откријат своите афинитети, ќе се вмрежат, ќе остварат нови врски и ќе откријат нови можности за учење и за делување.

sveceno-otvoreni-vratite-na-klubot-za-mladi-vo-ramkite-na-proektot-za-socijalna-inkluzija-i-ekonomski-zajaknuvanje-na-mladi-02.JPG

Градоначалникот на Општина Гази Баба, поздравувајќи го отворањето на Клубот, во оваа прилика нагласи: Општината како општествено корисна инстиутуција, постојано ги поддржува Проектите кои се однесуваат на младите лица.  Поддршката во работата на Ресурсниот центар,  сега се проширува и на Клубот на млади, каде  ќе има мотивациски и стручни предавања, поврзани со кариера и вработување, каде ќе се одржуваат работилници, презентации и предавања од интерес на младите, а исто така и ќе се овозможува дружење преку слободни активности.

Повеќе информации може да добиете и на телефонскиот број на Ресурсниот центар 071 370 150.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава