Силк Роуд Банка ја збогатува понудата на поволни станбени кредити

Скопје, 16.04.2018 – Силк Роуд Банка АД Скопје лансираше на пазарот нов производ – станбен кредит со најниска каматна стапка во земјава.

sil-roud-banka-ja-zbogatuva-ponudata-na-povolni-stanbeni-krediti-001.jpg

Новиот кредитен производ е наменет за купување нов стан или куќа, за изградба на нов дом, за реновирање на постојни недвижности, за купување на деловен простор, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износ до 150.000 евра, со рок на отплата до 360 месеци и грејс-период од една година.

Една од најголемите поволности што ги нуди новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка се најниските фиксни каматни стапки во земјава од 2,7% за првите три години, односно 4,7% за четвртта и петтата година од отплатата на кредитот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за добивање кредит во промотивниот период кој трае до крајот на јуни оваа година, ќе можат да го сторат тоа без никакви трошоци за аплицирање и администрирање и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

„Ваквите поволности значајно влијаат на намалување на вкупните трошоци што ги имаат корисниците на кредитот, со што овој нов производ се одвојува според својата достапност од сите останати станбени кредити што се нудат во моментов на домашниот банкарски пазар. Веруваме дека со нашиот нов производ, земањето кредит станува многу поедноставно и побезгрижно. Единствена грижа за корисниците останува само изборот на добри соседи во новиот дом“, велат од Силк Роуд Банка.

За да им го олесни дополнително процесот на купување нов дом, Банката склучи договори со најголемите градежни компании во земјатата, вклучувајќи ја и државната компанија за стопанисување со станбен и деловен простор, со што на потенцијалните клиенти им е овозможено, со минимално сопствено учество од 15% од вредноста на кредитот, да дојдат до нов стан или деловен простор.

Дополнителни информации за новиот станбен кредит можат да се добијат во сите експозитури на Силк Роуд Банка, како и на страницата: www.srb.mk

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава