Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Vip на Дигиталниот Самит на земјите од Западен Балкан 2018

Скопје, 19 април 2018г.  – Вип со задоволство го објавува учеството на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан што се одржува во Скопје од 18 -19 април, 2018г.

vip-na-digitalniot-samit-na-zemjite-od-zapaden-balkan-2018-01.jpg

На панел дискусијата на тема “Дигиталната економија и општеството “ што се одржа во рамките на самитот учествуваше и извршниот директор на Vip, Мислав Галер кој потсети на важноста на процесот на дигитализација на општеството во целост и на клучната улога на телекомуникациските компании во развојот на дигиталната револуција преку обезбедување на инфраструктура, пристап и апликации за корисниците.

“Како дел од А1 групацијата која е присутна со голем број операции во регионот и во светски рамки, примарно за Вип е дигитална трансформација најпрво во рамките на компанијата. Преку промената на интерните навики, потенцирањето на агилноста, воведувањето на нови платформи и обезбедувањето на конкурентни решенија и знаење, се трансформираме прво самите себе и тоа го правиме со единствена цел - да понудиме врвно корисничко искуство. Соработката со јавниот сектор и start up компаниите придонесува за реално живеење на  дигиталната трансформација. Затоа ги забрзуваме инвестициите во инфраструктурата, новите технологии како и дигитализацијата и иновациите. Со инвестиции од над 35 милиони евра во изградба на нова мрежа успеавме да обезбедиме мрежа од следната генерација и продолжуваме да ги истражуваме новите дигитални технологии за да најдеме најдобар начин да понудиме пофлексибилни и траргетирани дигитални услуги на своите корисници”, изјави Мислав Галер , извршен директор на Вип на панел дискусијата во рамките на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

vip-na-digitalniot-samit-na-zemjite-od-zapaden-balkan-2018-02.jpg

Дополнително,на саемскиот дел, на штандот на Вип, за идните планови на компанијата поврзани со овозможување на дигитално општество говореше Божидар Полдругац, дирекотр на техника во Вип, а беа организирани и одржани дискусии поврзани со вештачка интелигенција, тестирање на виртуелна реалност, патот до 5G технологија, а големо внимание предизвика и предавањето наменето за најмладите за безбедно користење на интернет, дел од проектот „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно".

vip-na-digitalniot-samit-na-zemjite-od-zapaden-balkan-2018-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Браво! Осамна мурал од Андреј од ДНК на ѕид во кафуле во Скопје - трогната и неговата сопруга „Толку ги слушав и пуштав ДНК во моето кафуле што почнаа да ми викаат ‘Досаден с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg