Промоција на нов албум од групата Кабадајас - Тазе органска музика, „крчкана“ на дрва

На 2 мај во ноќниот клуб Станица 26 концертна промоција ќе има скопскиот бенд „Kabadayas“, зад кој стојат тројца искусни музичари Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски, бас гитара и Дино Милосављевиќ – тапани и перкусии. Наслов на нивниот албум е „Од понеделник“. Концертната агенција и продукција „3Гонга“ стои како издавач на овој албум. На концертот покрај нив, како специјални гости ќе настапат Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска вокалистки, Ратко Даутовски, нашиот виртуоз на перкусии и Трајко Велков, кој е еден од најдобрите трубачи на Балканот. Музичарите најавуваат концерт со убава атмосфера пред се, џези амбиент со наш шмек.

promocija-na-nov-album-od-grupata-kabadajas-taze-organska-muzika-krckana-na-drva-01.jpg

По тој повод разговаравме со Џоле Максимовски:

*Искрени честитки за вашиот нов албум „од Понеделник“. Задоволни ли сте од сработеното?

Благодарам... Да, задоволни сме, излегоа некои работи кои што тлееа, оставаме музика позади себе, ја размрдуваме сцената... Посебно ми е драго што го добивме тој ретро, но „super in“, лампашки звук.

*Колку време го подготвувате албумот?

Земајќи предвид дека песните веќе ги имавме како теми и идеи, ни требаше кратко време да направиме аранжман за истите. Идејата беше да ги отсвириме во живо, од прва... Така и  снимивме 6 песни. Останатите две каде има вокали, ги снимивме поинаку, студиски, со програмирање, синтови и наснимување.

*Концертната агенција и продукција 3Гонга стои како издавач на овој албум. Како се роди соработката со Александар Пејчиновски, првиот човек на оваа агенција?

Со Александар се знаеме од градов, а секое наше гледање е размена на некои идеи, музички искуства и ставови. Така дојде и понудата за издавање албум, и поддршка при целиот маркетиншки процес... Многу сме благодарни за професионалниот однос на 3 Гонга кон бендот.

promocija-na-nov-album-od-grupata-kabadajas-taze-organska-muzika-krckana-na-drva-02.jpg

*Велите дека сте создале модерна инструментално вокална музика, со скопски џез амбиент, а сепак со светски шмек. Што тоа значи?

Тоа значи дека ова се нови композиции, лампа звук, тазе органска музика, „крчкана“ на дрва... Се знаеме од градов, тука израснавме, меѓутоа се калевме на разни, големи и мали стејџови

ширум планетава. Зоран е врвен џез гитарист. Свирејќи со него, Дино и јас создаваме вид на фузија меѓу џезот и нашиот “all around” пристап.

*Освен вас како тројка на албумот имате и специјални гости. Кои и во каква улога се појавуваат?

Марија Димитријевиќ е вокал на песната „Втора Средба“, Светлана Јовановска Трајкоска ја пее песната „Летаме“, а Павле Васиљевиќ програминг и синтови на истите нумери.

*Што можеме ние како публика да очекуваме од концертот на 2 мај во Станица 26?

Покрај горенаведените, на промотивниот концерт со нас на сцена ќе застанат и Ратко Даутовски, нашиот виртуоз на перкусии и Трајко Велков, кој е еден од најдобрите трубачи на Балканот. На концертот очекувајте убава атмосфера пред се, џези амбиент со наш шмек. Ќе ги свириме песните од новиот албум, но и неколку нумери од приот албум. И клубот Станица 26 го избравме токму поради добриот клупски амбиент кој го поседува.

promocija-na-nov-album-od-grupata-kabadajas-taze-organska-muzika-krckana-na-drva-03.jpg

*Верувам дека овој концерт на кој ќе го промовирате албумот е само почеток на приказната. Имате ли веќе зацртано каде понатаму ќе го свирите во живо?

Концертов е продолжување на приказната, но со нови зачини и на друга темература подготвуван. Имаме веќе букирано настапи во Скопје, Прилеп, Куманово. Во план се и настапи вон границите, а во преговори сме и со една странска продукциска куќа.

*Сите тројца имате долгометражно професионално искуство зад вас. Со кого се имате досега колаборирано?

Дино и јас свириме заедно од 1995 година. Во Сет, Мозаик, Беневентан Трио, Алшар. Со Влатко Стефановски Трио веќе 18 години патуваме по светот и снимаме албуми... Заедно со Триото имаме настапувано со имиња како Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Jan Akkerman... Дино свиреше со Анастасија, Кирил Џајковски и со многу други артисти од поп, рок светот. Јас долго време свирев со Архангел, Гаро и Парамециум, Мугер Фугер. Моментално сум дел од Темпера, како басисит и композитор. Зоран Костадиновски е професор на музичка академија. Инаку работи активно на сите проекти на оркестарот на Здружението на Џез Музичари. Го знаеме како гитарист на нашата поп дива Каролина Гочева... Активен е и како студиски музичар.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава