Започнува проектот „Сите сити“ - нов систем за донирање на вишокот храна

Според податоците на Државниот завод за статистика 453 илјади луѓе во земјава живеат во сиромаштија, и не можат да си ги дозволат сите оброци на ден, со месечни приходи помалку од 6.500 денари. Семејствата со три и повеќе деца се во поголем ризик. Според податоците, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесувала 21,9 отсто. Од друга страна илјадници тони на безбедна храна се фрла на депониите.

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-01.png

За да се надмине овој проблем граѓанската организација „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската амбасада, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и агенцијата за маркетинг комуникации „Publicis One“ денес го промовираа новиот проект „Сите Сити“ кој во изминатиот период ги создаде основите за воспоставување на првиот систем за донирање на вишокот храна во Македонија кој официјално ќе започне да функционира од 23-ти април.

„Станува збор за проект кој има за цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку да се пренамени онаму каде е реално неопходен. Ова беше навистина комплексен проект, но свесни сме од колкаво значење може да биде во иднина за сите нас, па од таму и насловот на проектот „Сите сити“ или пак „Сите си ТИ“ каде покрај примарната цел храната да стигне до поединците и семејствата кои не можат да си дозволат повеќе обрoци во текот на денот, исто така се грижиме и сметаме дека е многу важно да ја подигнеме и свеста кај луѓето за важноста за правилно третирање на вишокот храна. За големината на општествената промена зборува фактот што само во подготвителниот период повеќе од 1 тон храна се донираше на повеќе од 3300 граѓани.“, изјави Блаже Јосифовски, Претседател на Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-01.jpg

Системот се состои од законски промени, мрежа за дистрибуција и транспорт, кампања за подигнување на свеста, подигнување на капацитетите на членките на системот и воспоставување на веб-платформа за размена на храната. „Дистрибуцијата на храна е индиректна, односно храната од бизнисите преку 14 граѓански организации ќе завршува кај 13.000 социјално загрозени граѓани кои се корисници на нивните услуги. Системот ќе пилотира оваа година на подрачјето на Скопје, но планот е од наредната година да се прошири низ цела Македонија“, вели Јосифовски.

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-03.jpg

Главните извори од каде ќе се собира вишокот на храна и ќе се пренамени се производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти, пекари и др. Компаниите кои веќе се вклучија се: „Нелт СТ“, „Рудине“, „Виталиа“, „Јоми Фуд“, „Пекара ПерекЕ“ и други.

На настанот се потпиша и Меморандум за соработка меѓу 14 граѓански организации и 5 бизнис претставници кои заедно влегуваат во системот за донирање на храна.

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-02.jpg

На крајот на конференцијата за печат Јосифовски повика: „Ова е само почеток. Се радуваме на сите нови компании кои се бават со производство и дистрибуција на храна кои ќе покажат интерес и добра волја да ни се приклучуваат во овој голем подвиг наречен „Сите сити“. Ова е воедно и повик сите бизниси да се вклучат во спасувањето и донирање на храна за социјално загрозените граѓани.“

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-04.jpgАлександра Дилевска Симова, Publicis One CEO, СОО Адриатик и Крис Хеншоу, директор на Национален демократски институт

zapocnuva-proektot-site-siti-nov-sistem-za-doniranje-na-visokot-hrana-05.jpgЏес Л. Бејли, амбасадор на САД во Р. Македонија и Г-ѓа Сибил Сутер Тејада, амбасадорка на Швајцарија во Р.Македонија

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Калиопи во црнобели бикини - ретка фотка од плажа, ужива во сонцето пред новите проекти „За само еден ден, за само еден час“ - напиша поп-дивата на фотката од плажа, ци...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...

Најчитани неделава