Пакомак ќе донира мрежа за зафаќање на пластичен отпад на сливот на Треска во Козјак

Пакомак одговори позитивно на иницијативата за одржување на еко-системот на езерото Козјак и реката Треска, со набавка и поставување на мрежа за зафаќање на пластичниот отпад што се слева по течението.

pakomak-ke-donira-mreza-za-zafakjanje-na-plasticen-otpad-na-slivot-na-treska-vo-kozjak-001.jpg

Оваа поддршка од страна на Пакомак, е врз основа на предходно упатеното барање од страна на Општина Македонски Брод.

По акцијата за чистење на езорото во која учествуваше и Пакомак како дел од Асоцијацијат за посебни текови на отпад при Комората,  констатирана е  состојба на загадување на акомулацијата на езерото Козјак од пластичен отпад што надоаѓа од водите на реката Треска, а кои се вливаат во езерото од општината Кичево и Пласница.

Иако ова е делумно решение, и не го спречува на долг рок проблемот со загадувањето на реката и езерото – лоциран во негрижата на несовесните граѓани кои фрлаат пластичен отпад во реката, сепак ќе допринесе за собирање и чистење на отпадот и ослободување на водите од токсичните, неразградливи пластики, изјави Филип Ивановски Извршен Директор во Пакомак.

Со Регионалниот план за управување со отпад, се планира затварање на депонијата во Кичево која ја загадува и реката Треска, со што долгорочно ќе се реши и проблемот со загадувањето на езерото Козјак кое се наоѓа на Треска.

Козјак е најголемото вештачко езеро во Македонија, долго 32 километри, а со длабочина од 130 метри.

Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби. Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото, кое е од голема важност и за одржување на природниот биодиверзитетот во овој дел од Македонија.

Јавното Комунално Претпријатие и Општината Македонски Брод ќе ја чистат и одржуваат мрежата донирана од Пакомак.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg