Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Несебични дела на добрина ширум Македонија - стотици хумани граѓани забележани како делат млеко на случајни минувачи

Изминативе неколку дена низ улиците, парковите, маркетите и практично на секакви локации во сите градови низ државата, беа забележани повеќе хумани лица како подаруваат цели пакувања Битолско млеко на случајни минувачи.

nesebicni-dela-na-dobrina-sirum-makedonija-stotici-humani-gragjani-zabelezani-kako-delat-mleko-na-slucajni-minuvaci-01.JPG

Се запрашавме дали се работи за некаква промоција, меѓутоа добивме одговор дека тие едноставно прават чин на добро дело. Велат со подарувањето Битолско млеко, тие всушност подаруваат здравје како еден хуман гест на чинење добрина.

Интересна идеја, нема збор! Откривме дека всушност се работи за вработените во Бимилк кои деновиве активно се вклучија во глобалната иницијатива “Pay It Forward” („Продолжи понатаму“), која постои со цел да направи вистинска разлика во светот преку создавање на масовен верижен ефект на хуманост и љубезност кој ќе се почувствува насекаде.

nesebicni-dela-na-dobrina-sirum-makedonija-stotici-humani-gragjani-zabelezani-kako-delat-mleko-na-slucajni-minuvaci-02.JPG

Вклучувањето на вработените на Бимилк е преку активно делење Битолско млеко заедно со специјални картички на нивни сограѓани ширум Македонија, и тоа без да очекуваат ништо за возврат. Единствен услов е и лицето кое го добило млекото да го продолжи кругот и тој да направи некое добро дело за некого, истовремено пренесувајќи му ја картичката со цел да се создаде тој верижен ефект.

nesebicni-dela-na-dobrina-sirum-makedonija-stotici-humani-gragjani-zabelezani-kako-delat-mleko-na-slucajni-minuvaci-03.JPG

„Во Бимилк искрено веруваме дека луѓето секојдневно со својата добрина го прават некому денот малку посветол. Но, уште повеќе убедени сме дека тие мали дела добрина кога ќе се помножат со милиони луѓе, буквално може да го променат светот на подобро. Токму затоа, како една од најголемите компании во Македонија која брои голем број вработени, одлучивме да се приклучуваме и ние на меѓународниот ден Pay It Forward Day бидејќи секој еден наш вработен и индивидуално ја живее корпоративната култура на Бимилк, а тоа е сите заедно да бидеме подобри луѓе и да направиме видлива разлика во општеството“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

nesebicni-dela-na-dobrina-sirum-makedonija-stotici-humani-gragjani-zabelezani-kako-delat-mleko-na-slucajni-minuvaci-04.jpg

Инаку настанот “Pay It Forward” е по иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и истиот ќе се одржи на 28 април во Градскиот парк во Скопје. Ова е всушност втора година по ред како Македонија се приклучува во најголемото хумано движење во светот, а целта е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

nesebicni-dela-na-dobrina-sirum-makedonija-stotici-humani-gragjani-zabelezani-kako-delat-mleko-na-slucajni-minuvaci-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg