Office 365 во портфолиото на Телеком

office-365-vo-portfolioto-na-telekom-001.jpg

  • Услугата ги вклучува Word, Excel, PowerPoint и Outlook апликациите коишто може да се користат на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп
  • Office 365 е наменет за сите компании кои сакаат да ја зголемат продуктивноста и соработка со клиентите, а во истовреме да бидат мобилни и флексибилни

Следејќи ја денешната динамика на водење, реализација и организација на бизнисот, Македонски Телеком во пaртнерство со Microsoft го збогати своето портфолио за бизнис корисници со нова услуга. Почнувајќи од денеска, на компаниите им е достапна Office 365 услугата кој ги вклучува добро познатите Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook), коишто може да се користат инсталирани локално на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп. Услугата вклучува и алатки за комуникација и тимска работа со кои компаниите ќе го освежат и трансформираат бизнисот, ќе станат поефикасни, овозможувајќи им истовремено флексибилност, сигурност и професионалност во работењето.

Office 365 е интегрирана услуга која што ги содржи сите алатки потребни за беспрекорно функционирање на една канцеларија која што станува достапна од кој било уред, во кое било време.

Услугата е совршена за компаниите кои што сакаат да бидат мобилни, односно надвор од својата канцеларија и во истовреме продуктивни и постојано во тек со бизнисот. Со Office 365 компаниите ќе ја подобрат соработката со клиентите, ќе бидат во тек со работата преку складирање, синхронизирање и споделување на податоци со вработените и соработниците, преку интернет во реално време.

Сите документи, контакти и комуникцијата со бизнис партнерите и вработените коишто компаниите ги креираат преку апликациите и услугите содржани во Office 365 се достапни секој ден 24/7, на сите уреди, во секое време и на секое место. Услугата е лесна за имплементација и управување, без потреба од напредно ИТ познавање.

На компаните им се достапни неколку Office 365 пакети кои што се креирани согласно нивните потреби.

Повеќе информации за достапната понуда, корисниците можат да добијат на 120 или на веб страницата.

Би можело да ве интересира:

Македонка во бизнис класа кон Маврициус на меден месец, со Chanel лепенки под очи - сака да биде анг... „Дали ова се важи за меден месец, ако ние постојано летаме некаде?“, се пошегува...
Стевче од Шлегово прави к'цана сол: „Ова не е обичен зачин, туку љубов и семејна традиција“ „Јас ја чувам традицијата фамилијарно, кој пробал – знае. Во Шлегово солта се к'...
На 32 години почина бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат: „Патувај со ангелите з... Откако во јавноста се прошири веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, п...
Идеи за креативни подароци за саканите за Валентајн, од македонски мали бизниси Креативни дрвени изработки со човечиња и гравирана порака, персонализирана книга...
Гласајте за Вања и Јован од Скопје кои ја креираа иновативната платформа „Dexiverse“ на натпреварот ... Скопје, ноември 2025 - Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен ...
Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење ... Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производител...

Најчитани неделава