Како ефикасно да се заштитиме од сонцето и како да спречите алергии?

kako-efikasno-da-se-zashtitime-od-sonceto-i-kako-da-sprechite-alergii-01.jpg

Последниве неколку децении науката дојде до доста нови сознанија во однос на влијанието на сонцето на нашата кожа. Научно се докажа дека сонцето освен позитивно влијание, остава и трајни оштетувања на кожата. УВБ, УВА зраците и високоенергетската видлива светлина (ВЕВС) како дел од сончевиот спектар доведуваат до изгореници, ги оштетуваат колагенот и еластичните влакна во кожата што води до намалена еластичност и тонус на кожата и појава на брчки, предизвикуваат и нарушување на пигментацијата на кожата, оштетување на клетките и нивната ДНК што пак доведува до можност за појава на бенигни и малигни промени на кожата итн.

Токму со цел помош околу овие проблеми, Еуцерин го основа еден од најголемите научноистражувачки центри во светот, кој во позадина има огромен број на научници, кои работат на креирање иновативни решенија/производи за заштита од сонце.

Производите освен што овозможуваат висококвалитетна заштита од УВБ, УВА и ВЕВС, имаат и биолошка заштита која ги заштитува клетките и наследниот материјал од оштетувањата коишто можат да ги направат слободните радикали. Тоа е особено важно за децата чијашто кожа е многу чувствителна и е подложна на оштетување и за кожата на лицата постојано изложени на сонце.

Медицинската колекција на Еуцерин за заштита од сонце, на располагање има повеќе производи, со цел да се задоволат индивидуалните потреби на секој корисник. Има производи за нега и заштита на кожата на лицето, производи за тело, производи за деца и производи наменети за луѓе кои имаат алергија на сонце. Последниве производи се уникатни и многу ефикасни во заштита на кожата од сонце и воедно спречување на алергиска реакција на кожата од сонце.

kako-efikasno-da-se-zashtitime-od-sonceto-i-kako-da-sprechite-alergii-02.jpg

kako-efikasno-da-se-zashtitime-od-sonceto-i-kako-da-sprechite-alergii-03.jpg

Кога сме надвор, во основа треба да ги следиме т.н. златни правила, а тоа се: да го избегнуваме силното пладневно сонце, да не ги изложуваме бебињата и малите деца до 3 години на прејака сончева светлина, да избереме производ за заштита од сонце според нашиот фототип на кожа, да нанесеме од него пред да излеземе на сонце и редовно да повторуваме во текот на денот, да носиме облека од лесен материјал, капа, очила за сонце, да пиеме доволно течности и да бидеме особено внимателни со изложување на сонце доколку сме правеле ласерски третмани, хемиски пилинзи или ако земаме фотосензибилизирачки лекови.

Дерматовенерологот д-р Соња Петрушевска Доневска, стручен медицински соработник на Еуцерин во Македонија

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава