Традиционалните лебови на Жито Лукс во нови пакувања

(Скопје, 27.06.2018) - Како лидер во производството на леб, Жито Лукс не само што инвестира во квалитетот и во развојот на нови производи, континуирано работи и на унапредување на изгледот и пакувањето на своите производи.

tradicionalnite-lebovi-na-zito-luks-vo-novi-pakuvanja-001.jpg

Затоа, отсега сите традиционалните лебови на Жито лукс ќе бидат во нови, модерни и уникатни пакувања.  Дизајнот на пакувањето беше оценет од страна на потрошувачи кои рекоа дека претставува добар спој на традиционалното и модерното, преку комбинацијата на јаките бои и симболот на житото. Печатот за квалитет, кој се наоѓа на пакувањето укажува на долгогодишната традиција на Жито Лукс во оваа индустрија и исто така беше позитивно оценет од потрошувачите. Овие пакувања, дополнително ќе им овозможат на потрошувачите лесно да ги разликуваат производите на полица.  

Ново пакување добија и рачно подготвените на традиционален начин лебови Сомун и Рустика кои се со карактеристичен вкус и крцкава кора. Овие лебови, како дел од семејството фурнаџиски лебови, отсега можат да се најдат во хартиено пакување.

И покрај промената на пакувањето, сите традиционални лебови остануваат со ист квалитет и се произведуваат по традиционална рецептура, од најдобро брашно и состојки, на современ начин и со почитување на највисоки стандарди за производство на храна.

Бидејќи секој залак е важен, лебовите на Жито Лукс остануваат незаменлив додаток на секоја гурманска трпеза и омилен избор на сите генерации.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...

Најчитани неделава