Виталиа со голема донација на здрава храна - 4 тони производи донирани на „Црвен Крст Македонија”

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа" уште еднаш ја потврди својата практика на општествено одговорно однесување, овојпат ставајќи акцент на поддршката и грижата за ранливите заедници, со значајна донација на 4 тони храна на „Црвен Крст Македонија”.

vitalia-so-golema-donacija-na-zdrava-hrana-4-toni-proizvodi-donirani-na-crven-krst-makedonija-01.jpg

Црвениот Крст на Македонија, оваа храна ќе ја распредели на семејствата и поединците на кои им е најпотребна. Од „Црвен Крст” велат дека се повеќе се задоволни од донацијата со која ќе бидат обезбедени повеќе од десетици илјади оброци, но и директно ќе биде покрената свесноста за полињата во кои една компанија може да биде хумана.“

Со ова „Виталиа” има за цел ги поттикне и останатите компании на општествена одговорност која води кон промени не само во свеста на граѓанинот, туку и на квалитетот на животот на оние за кои сите заедно сме должни да се грижиме.

„Благодарни сме што успехот на нашата компанија ни овозможува да дејствуваме во насоки на подобрување на квалитетот на животот на целото општество, и ваквите донации се од посебно значење за нас. Навистина се грижиме здравата храна која ја произведуваме и во која веруваме, да биде достапна за сите, дури и за оние кои за жал немаат можност секојдневно да ја купуваат. 4 тони не се воопшто малку, но нашата цел е секоја година постепено да ја зголемуваме количината на донирана храна и се надеваме дека нашиот пример ќе ги инспирира и останатите во државата да го дадат својот придонес. Сепак сме држава која произведува квалитетна храна, и верувам дека кога ќе се разбудиме и сфатиме дека сите сме заедно под ова небо, ќе можеме да направиме значајни промени и да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска - менаџер и косопственик на „Виталиа".

vitalia-so-golema-donacija-na-zdrava-hrana-4-toni-proizvodi-donirani-na-crven-krst-makedonija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Тони Михајловски (58) со сопругата на премиера во МНТ - Александра пред 6 години се избори со ракот ... Сопругата на Тони Михајловски за периодот на дијагностицирањето откри: „Таа ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава