Витаминка и Владо Јаневски го промовираа спотот за песната Главен град на тагата

(Скопје, 05.07.2018) - Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски, „Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски. Спотот претставува и заеднички настап што ќе помогне за подобра промоција на Владо и Витаминка, како најсилни македонски бренда. Дадената поддршка од Витаминка е во насока на протежирање на македонската авторска музика и поттикнување на поголема креативност во музичката индустрија.

vitaminka-i-vlado-janevski-go-promoviraa-spotot-za-pesnata-glaven-grad-na-tagata-01.jpg

Владо Јаневски, кој важи за комплетен автор на најубавите и безвременски стихови од македонската поп музика, се потпишува како композитор и текстописец на песната, така што „Главен град на тагата“ е уште една во низата музички изданија  која сигурно ќе биде слушан летен хит. „Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со  поддршка од бевзременски бренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат примерот на Витаминка, која е синоним за квалитет, вредност и постојаност, бидејќи така поголем број убави македонски песни полесно ќе допрат до публиката“, изјави Владо Јаневски.

Песната „Главен град на тагата“ е уште едно авторско дело на Владо Јаневски, со аранжман на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Режијата на спотот е потпишана од Бане Поповиќ а продукцијата на видеото е на Томато. Спотот е сниман во текот на јуни во Скопје на познати градски локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.

vitaminka-i-vlado-janevski-go-promoviraa-spotot-za-pesnata-glaven-grad-na-tagata-02.jpg

„Главен град на тагата“ е третата песна на Владо Јаневски чиј спот е снимен со поддршката од Витаминка по спотовите за песните „Ајде води ме“ и „Последна заблуда“. Под закрила на Витаминка и Авалон, Владо ќе одржи голем концепт во Античкиот театар во Охрид на 2 Август.

vitaminka-i-vlado-janevski-go-promoviraa-spotot-za-pesnata-glaven-grad-na-tagata-03.jpg

Спотот погледнете го во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=_RNwfabX5FE&feature=share

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава