Масимо Савиќ – осмиот дијамант од „Божиновски часовници и накит“

„Божиновски часовници и накит” го одржува ветувањето, да придонесува и да ја искористи непроценливата можност да живееме со креативната енергија на уметниците, кои му даваат смисла на културниот живот.  

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-01.JPG

„Добивме можност тоа уште еднаш да го потенцираме: нашиот осми дијамант е Масимо Савиќ. Минатата година тоа беа 7 дијаманти за 7 кинематографи на Браќа Манаки фестивалот - редок начин преку брусената драгоценост да го избрусиме и нашето општество. Повеќе информации за значењето на овие дијаманти ќе најдете на линкот: http://bozinovski.com.mk/news/post/81

Ни припадна таа чест овојпат на Масимо Савиќ да му го доделиме Ититоли дијамантот. Дијамант за драгоцен човек, дијамант за дијамантот, кој со својата музика остави трага во нашиот град.  Овој дијамант е нашата приврзаност, љубов, почит кон музиката на Масимо Савиќ, на која времето ништо не и може, а поводот беше неговиот концерт во Хераклеа -  изјавија од “Божиновски часовници и накит”.

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-02.jpg

Заедно со виножито бои, како ехо се слушаа прво неколку гитарски акорди и потоа  вокал каков што нема друг, на Мaсимо Савиќ.

Toj, толку комплетен, екстравагантен, колку по глас толку и по манир на музицирање.

 Се најавува бура, но оваа битолска вечер, единстевена бура што успева да не’ погоди е таа на емоции.  А што би бил животот ако нема вакви моменти во кои се живее за  музиката.

 Масимо Савиќ, шармантно и нежно бара неговата љубовна и животна музичка приказна да биде прифатена и сфатена лично.

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-03.JPG

“Сјај во тревата”, предизвика сјај во очите на секој во публиката. Во еден момент ситен дожд како да сака да го осуети доминантниот глас што упорно пркоси. Масимо останува на бината речиси како скулптура со својата верна група најдобри музичари на Балканот. Требаше да знаеме дека еден обичен дожд не може да ја прекине конекцијата меѓу него и публиката.

Веднаш по концертот, Масимо нема да го крие воодушевувањето од акустиката на Хераклеа. Признава дека во еден момент му доаѓа да ја земе гитара од својот гитарист и да засвири.  Зборува таа музика и сега како и секогаш: дека не е лесно да си вљубен и дека е тешко да се живее од соништата, но и единствено возможно.

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-04.JPG

#ZivejGoMomentot

“Божиновски часовници и накит” како единствен спонзор на настанот, се пресреќни што Битола го живееше таа вечер моментот на безвремена музика.

Масимо не е љубител на долги бескрајни концерти. Бескрајниот момент не се мери во минути, туку во интензитет на чувства.

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-05.JPG

masimo-savik-osmiot-dijamant-od-bozinovski-casovnici-i-nakit-06.JPG

Би можело да ве интересира:

Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава