Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Кавадарци, 18.8.2018 г. – Кавадарци денес ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија. Новото собирно место за кавадарчани од сите генерации е донација од компанијата „Coca-Cola“ и од Пивара Скопје, и е одлична локација за дружење, забава, рекреација и дополнително поттикнување на навиките за активен живот.

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-01.jpg

„Ми претставува особено задоволство што денес, во еден од најспортските градови во Македонија ја отвораме дванаесеттата по ред Coca-Cola Активна зона. Исправноста на нашата одлука за поставување на Coca-Cola Активна зона во Кавадарци, ја потврдува и големиот број на присутни денеска, дотолку повеќе што оваа зона доаѓа токму на барање на кавадарчани. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 Активни зони ширум Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања за отворање на Активни зони и во другите општини. Преку платформата ‘Coca-Cola Активни зони’, освен што поттикнуваме иницијатива за активен начин на живот, спорт и рекреација, промовираме концепт со опсежни придобивки за целата заедница од аспект на инклузија на граѓаните од различни категории со ист интерес. И понатаму продолжуваме со проектот ‘Coca-Cola Aктивни зони’, па многу брзо се гледаме на нова локација со нова ‘Coca-Cola Aктивна зона’“, рече Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје на денешното свечено отворање на „Coca-Cola Активната Зона“ во Кавадарци.

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-02.jpg

Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, која им се придружува на општините Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на Кејот на реката Вардар, во Општина Гази Баба и Општина Чаир.

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-03.jpg

На отворањето присуствуваа голем број жители на општината што со нетрпение очекуваа да ги испробаат новите справи. За придобивките од зоната за кавадарчани и за соработката со Пивара Скопје, градоначалникот на Општина Кавадарци, г. Митко Јанчев рече:

„Од името на Општина Кавадарци и кавадарчани, им благодариме на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за донацијата и за тоа што излегоа во пресрет на барањата на кавадарчани, и Кавадарци да стане дел од овој голем и благороден проект, бидејќи на ваков начин се покажува и се докажува како на дело се негуваат долгорочните партнерства чии придобивки ги ползуваат сите граѓани. Ги поканувам моите сограѓани да ја чуваат и да ја негуваат оваа спортска зона што го краси нашиот град, затоа што таа сега е нивна и треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа. Општина Кавадарци работи уште на неколку проекти преку кои веруваме дека спортскиот дух уште повеќе ќе се развие, но и дека ќе овозможиме подобри услови за младите талентирани спортисти“.

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-04.jpg

„Coca-Cola Активните зони“ се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа. Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Како дел од истата платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 11-те „Coca-Cola Активни зони“ за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-05.jpg

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-06.jpg

kavadarci-stana-del-od-golemiot-proekt-coca-cola-aktivni-zoni-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава