Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното партнерство за годинешното издание на фестивалот.

halkbank-i-manaki-so-zaednicka-zelba-za-zacuvuvanje-na-vistinskite-kulturni-vrednosti-001.jpg

Имено, на 39-тото издание на „Браќа Манаки“, Халкбанк за првпат се јавува како ексклузивен „Платинум партнер“, сакајќи да оддаде почит на филмската уметност, на кинематограферите и на сите филмски работници воопшто, а во насока на најновата корпоративна платформа на Банката „Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец, градејќи и негувајќи долгорочни односи со своите корисници и со севкупната заедница.

„Како прв и најстар филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери, ИФФК ‚Браќа Манаки‛ несомнено е врвен културен настан кој стои рамо до рамо со огромниот број светски филмски фестивали. Ние како компанија отсекогаш сме ја препознавале важноста на филмографијата и, воопшто, на севкупната македонска култура, па оттука нашата поддршка на годинешното издание на фестивалот е искрена и истовремено во согласност со нашата корпоративна платформа, која нѐ позиционира како  ‚банка на сите луѓе‛. Ни претставува огромна чест што заедно со ‚Манаки‛ имаме прилика да ја пренесеме пораката дека вистинските културни вредности се навистина важни и треба долгорочно да се негуваат“, изјави Маја Наумовска од Дирекцијата за односи со јавноста во Халкбанк.

Од ИФФК „Браќа Манаки“, пак, истакнаа дека задоволството е обострано, особено кога се работи со општествено одговорни компании кои искрено го сакаат филмот и даваат несебична поддршка со цел што подолго да го зачуваме најстариот фестивал, кој и како земја нѐ позиционира високо на светската културна мапа.

„Во Халкбанк препознавме вистински достоен партнер кој искрено верува во значењето на филмската уметност и традицијата и автентичноста на ‚Браќа Манаки‛. Сакам да изразам голема благодарност до целиот нивни тим кој посветено нѐ следеше на сите прес-конференции и се надевам дека тие ќе останат со нас подолго време и заедно ќе ја негуваме љубовта кон филмот и ќе придонесеме кон уште поголема промоција на филмската индустрија во Македонија“, изјави Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Инаку, 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува традиционално во Битола, во Центарот за култура, од 22 до 29 септември, а годинешното мото гласи „HATS OFF” или „Симнуваме капа“, во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите и кон сите филмски работници воопшто, кон градот Битола и кон публиката.

Би можело да ве интересира:

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатнат...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Срциња со цвеќе, декорации со камчиња: Крива Паланка никогаш не била во поубаво летно издание (фото) Од светлечки фонтани до совршено уреден кеј и детски игралишта, а сето тоа закит...
Аделина го бакнува сопругот, Миро го гали стомакот на саканата – Познатите Македонци во вљубено изда... Аделина Тахири периодов сподели фотки од неколку забави на кои го држи сопругот ...
Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) блескаат во младешко издание, покрај нивниот пријател... Тие се прекрасни нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавин...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...

Најчитани неделава