Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатната уметничка визија на Кирил Џајковски, кој со својата музика ја збогати филмската и културната меморија на Македонија.

kiril-djajkovski-e-dobitnik-na-godinashnata-nagrada-golema-dzvezda-na-makedonskiot-film-01.jpg

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

-Џајковски е филмски композитор, но пред се познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Го знаеме од неговиот бенд „Бастион“, потоа се појави во „Леб и сол“ во албумот „Како какао“ и направи еден извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно, а за неговите диџејски и соло проекти воопшто да не зборуваме.

Синоним за современиот македонски звук, Џајковски е еден од најзначајните композитори и продуценти, познат по спојот на традиционални балкански мотиви со современи електронски ритми. Неговата музика е составен дел од најгледаните македонски филмови, меѓу кои „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Прашина“,,Врба" и ,,Сенки" на Милчо Манчевски, „Големата вода“ и „Пиарги“ на Иво Трајков (за „Големата вода“ ја доби наградата за најдобра музика на Фестивалот во Валенсија), како и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, рече Иванов.

kiril-djajkovski-e-dobitnik-na-godinashnata-nagrada-golema-dzvezda-na-makedonskiot-film-02.jpg

Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатната уметничка визија на Кирил Џајковски, кој со својата музика ја збогати филмската и културната меморија на Македонија.

Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, актерка (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020), Северџан Бајрам, актер (2021) ,Горјан Тозија, филмски продуцент (2022) Лабина Митевска, актерка и продуцент (2023)  и Димитар Грбевски, филмски и телевизиски монтажер (2024).

Наградата на Кирил Џајковски свечено ќе му биде врачена на затворањето на 46. издание на ИФФК  „Браќа Манаки".

Статуетката „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ традиционално ја изработува компанијата Божиновски.

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...

Најчитани неделава