Шпаркасе Банка на нова локација во Неготино

Експозитурата на Шпаркасе Банка во Неготино е релоцирана во нови простории

sparkasse-banka-na-nova-lokacija-vo-negotino-1.jpg

Скопје, 19.9.2018 г. Шпаркасе Банка Македонија со свечен настан за клиентите ја отвори експозитурата во Неготино, на нова атрактивна локација на ул. „Ацо Аџи Илов“ бр.10, во центарот на градот.

На настанот присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на Банката од градот и од регионот. Новата експозитура располага со модерен ентериер, според најсовремени стандарди, воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

Свое обраќање пред присутните гости имаа претставници на Шпаркасе Банка Македонија, кои ја претставија деловната стратегија на Банката за присуство со што повеќе експозитури низ државата, со цел да се доближи до своите сегашни и до идните клиенти и да овозможи брз и ефикасен пристап до своите производи и услуги.

Со модернизација на своите експозитури што ги задоволуваат највисоките просторни и функционални стандарди, Шпаркасе Банка Македонија ја потврдува својата посветеност кон отворената комуникација и зголемената ефикасност во опслужување на клиентите, поголем број директни контакти и зголемена можност за користење повеќе атрактивни банкарски производи и услуги.

sparkasse-banka-na-nova-lokacija-vo-negotino-2.jpg

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 46 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 2.380 вработени и 236 експозитури и регионални центри, опслужува околу 692.143 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава