14-тата „Coca-Cola Активна зона“ на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“ ја добија Битолчани

Битола, 5.10.2018 г. – Четиринаесеттата „Coca-Cola Активна зона“ од големиот проект на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“ кој се реализира веќе трета година по ред, денеска беше поставена во Битола.

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-01.jpg

Лоцирана во централното градско подрачје, во т.н Парк на шампиони, „Coca-Cola Активната зона“ е место во кое граѓаните од сите генерации ќе можат да се рекреираат и дружат.

Среќни сме што денеска, во прекрасната Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот  проект  ‘Coca-Cola Активни зони’. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување на силно општество, сега, но и за во иднината“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-02.jpg

На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред „Coca-Cola Активна зона“, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, присуствуваа бројни претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од општината.

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-06_resize.jpg

Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција, па овие проекти доаѓаат како логичен редослед преку кој заеднички покажуваме како на дело изгледа добрата соработка. Како една од најуспешните општини во Македонија на спортски план, навистина сме благодарни што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola го препознаа нашиот успех и токму нашата општина е дел од 5-те општини кои годинава добиваат Активни зони. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација, релаксација и дружење, а како содржина, претставува одлично надополнување на нашиот ‘Парк на шампиони’.‘‘ – изјави г-ѓа Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а наскоро ќе биде поставена уште една Coca-Cola Активна зона, со која ќе се заокружи третиот циклус на проектот за 2018 г. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-03.jpg

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-04.jpg

14-tata-coca-cola-aktivna-zona-na-pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-ja-dobija-bitolcani-05_resize.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава