Вработените во Телеком организираа еко-акција за чист Градски парк

Втора по ред еко-акција за чистење во која учествуваат вработените во Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-01.jpg

Вработените во Македонски Телеком денеска спроведоа акција за собирање на отпадот во Градскиот парк. Во рамките на оваа еко-акција, повеќе од 150 вработени во Македонски Телеком заедно учествуваа во чистење на расфрланиот отпад на потегот од хотелот Александар палас до централниот дел од Градскиот парк.

Напредокот на технологијата секогаш мора да оди паралелно со напредокот на свеста за нејзиното влијание врз животот на граѓаните и врз општеството. Во тој контекст, вработените во Македонски Телеком како телекомуникациски лидер, со години наназад ја негуваат општествената одговорност како практика и имаат висока свест за важноста од грижа за животната средина. Свесни дека секоја промена во општеството започнува првин од секој поединец, главната цел  е со лични примери да се постигнат позитивни резултати.

Идејата на ваквите акциии е со заеднички труд, полека но сигурно да се подигне еко-свеста  во општеството, да се поттикнат поединците и организациите за подобрување на животната средина, со што ќе се обезбедат услови за безгрижен раст на младите генерации во иднина.

Чистењето на Градскиот парк е втора по ред еко-акција годинава во која учествуваат вработените во Македонски Телеком, како дел од долгорочната компаниска иницијатива #Telekom Goes Green. Првата акција за чистење се одржа на почетокот од јуни кога вработените го собираа отпадот од парк шумата Водно.

Со желба да дадат позитивен пример и повик за одговорно однесување кон животната средина, вработените во Телеком селектираа дел од собраниот отпад и го предадоа на рециклирање. Акцијата за чистење на Градскиот парк, вработените ја реализираа во соработка и поддршка на непрофитниот постапувач со отпад „Пакомак“ и Градот Скопје.  

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-03.jpg

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-04.jpg

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-05.jpg

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-06.jpg

vrabotenite-vo-telekom-organiziraa-eko-akcija-za-chist-gradski-park-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава