„Големи награди, за МАСТЕР уживање“ - наградна игра на Шпаркасе Банка

Купувај со картичките „Mastercard“ од Шпаркасе Банка и освој вредни награди.

golemi-nagradi-za-master-uzivanje-nagradna-igra-na-sparkase-banka-01.jpg

Шпаркасе Банка Македонија од денеска ја започна новата наградна игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“, наменета за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички од брендот „Mastercard“, со богат фонд на награди. Во периодот од 15 октомври до 15 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат мобилен телефон „Apple iPhone X“, зимување за двајца во Австрија и главната награда – автомобил „Opel CROSSLAND X“.

Корисниците на картичките од брендот „Mastercard“ издадени од Шпаркасе Банка учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година, со која добиваат по една шанса за учество во наградната игра, односно двојна шанса за учество доколку трансакциите се направени со бесконтактната картичка „Mastercard Debit“. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка од Банката, учествува со секоја поединечна картичка во наградната игра доколку ги исполнува условите.

Како потврда за учество во наградната игра за трансакциите направени на продажните места ќе се смета слипот од реализирана трансакција направена со платежна картичка „Mastercard“ или „Maestro“ и/или СМС-порака доставена преку услугата СМС-известувања од реализирана трансакција направена со платежна картичка „Mastercard“ или „Maestro“ од Шпаркасе Банка Македонија во износ поголем или еднаков на 300,00 денари за времетраењето на наградниот период.

Во наградната игра се вклучени сите трансакции направени од страна на корисникот на картичката и/или од страна на корисниците на дополнителните картички, на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС-шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија, корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот „Mastercard“ издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 20.12.2018 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со адреса на ул. „Македонија“ 9-11, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на компјутер, за што е изготвен специјален софтвер за таа намена.

За повеќе информации околу наградната игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2 751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702 414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg