Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и единаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Годинава, доделени се 40 нови стипендии на 12 студенти на Фармацевтскиот и 28 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

fondacijata-trajce-mukaetov-dodeluva-40-novi-stipendii-2.jpg

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2018/2019 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии. Во составот на комисиите влегуваат претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите.

Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1.200 евра во денарска противвредност. Годинава, еднократна парична награда ќе добијат: Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, со просек 9,78 и Марија Тодоровска од Медицинскиот факултет, со просек 9,83, кои се и досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во насока на исполнувањето на начелата за општествена одговорност, работењето на Фондацијата за компанијата ‘Алкалоид’ и за мене лично, претставува особена гордост. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација. Како компанија, особено сме горди што во изминативе 11 години имаме вложено над 1,35 милиони евра во стипендирање идни лекари и фармацевти; за 9 години дониравме над 24.000 евра за награди на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот Факултет при УКИМ а преку хуманитарните настани организирани под закрила на Фондацијата во изминативе 8 години дониравме  околу 115.000 евра“ – изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендира/ше вкупно 458 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 40 во учебната 2018/2019. Од нив, 185 студенти по фармација и 160 по медицина се веке дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им  продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година.

Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 69 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 64 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет.

Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени  во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје во мај 2007 година. Фондацијата има за цел стипендирање, донирање и финансирање талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области. Досегашните проекти претставуваат доказ за остварување на заложбите на Фондацијата за поддршка на фармацијата, медицината и науката, пред сѐ преку поддржување на млади, амбициозни кадри кои својата кариера ја посветиле на овие дејности.

fondacijata-trajce-mukaetov-dodeluva-40-novi-stipendii-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Кирил Џајковски, Симон Трпчески - Македонски музичари кои нè направија горди пред светот Нашиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, во поголемиот дел од годината...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Сара Мејс и синчето Кирил лежат во болница во Козле – „Мајка мора сè да направи за да го задржи дете... „Кирил е конечно малку подобар, ќе одморам и јас троа“ – напиша Сара Мејс, откак...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg