АмЧам Македонија избра ново лидерство

amcam-makedonija-izbra-novo-liderstvo-1.jpg

Скопје, 30 октомври, 2018г. - На  18то Генерално собрание претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) избраа 5 нови членови на Одборот на директори:

  • г-ѓа Маја Филипчева, Менаџер за даноци и аутсорсинг, Грант Торнтон Македонија;
  • г-дин Никола Љушев, Главен извршен директор, Македонски Телеком;
  • г-дин Владимир Косијер, Генерален Директор, Пивара АД Скопје;
  • г-дин Љупчо Георгиев, Генерален менаџер, Мајкрософт Македонија;
  • г-дин Марјан Петрески, Заменик ректор за истражување, Универзитет Американ Колеџ Скопје;

Оваа година на Собранието присуствуваа 120 претставници од компаниите членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот Претседател на Одборот на директори, г. Славко Пројкоски, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

АмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање на настани за размена на знаења како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија. Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките, и подобрување на квалитетот на образованието се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на АмЧам, Извршната канцеларија и членовите на комитетите  – изјави г-дин Пројкоски.

amcam-makedonija-izbra-novo-liderstvo-3.jpg

Официјално обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли, кој нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, проширување на пазарот, борба со корупцијата, зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките како неколку од многуте придобивки од членството на земјата во НАТО.

amcam-makedonija-izbra-novo-liderstvo-2.jpg

Работниот дел на Собранието го водеше Извршниот директор на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни проценти на вклученост на членките во активностите на комората.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава