Шеста конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

Erste Investors’ Breakfast

sesta-konferencija-vo-organizacija-na-erste-banka-i-sparkasse-banka-makedonija-01.jpg

Скопје – 2.11.2018 г. Шеста година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во хотелот „Александар палас“ се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Настанот претставуваше можност на едно место да се сретнат претставници од домашниот финансиски сектор со финансиски аналитичари и експерти од регионот, кои ги разменија своите искуства и видувања за актуелните трендови во финансискиот свет, глобално, регионално, како и со посебен осврт за Р. Македонија.

На конференцијата присуствуваше и министерот за финансии г. Драган Тевдовски, кој заедно со претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, г. Глигор Бишев, ја отворија конференцијата со свои воведни излагања. Главниот економист на Народната банка на РМ, г-ѓа Анета Крстевска, зборуваше за монетарната политика и за макроекономските превидувања за Р. Македонија, додека за актуелните состојби во однос на криптовалутата и нејзината иднина говореше специјалистот на Thomson Reuters, г. Иван Илековиќ. Во останатиот дел од конференцијата, експертите и аналитичарите од Ерсте Групацијата, како и реномиран претставник од Министерството за финансии на Р. Македонија, беа дел од трибината на темата „Приказ на големите пазари“.  

sesta-konferencija-vo-organizacija-na-erste-banka-i-sparkasse-banka-makedonija-04.jpg

Се надеваме дека на денешниот шести по ред Erste Investors’ Breakfast на нашите колеги од финансиската фела им овозможивме во една помалку формална атмосфера да ги разменат видувањата за актуелните случувања во светот на финансиите и бизнисот, за годината што изминува, како и за плановите за развој во наредниот период. Како и секоја година ни претставува огромна чест и задоволство да бидеме домаќини на овој значаен настан во Р. Македонија и заедно со стручните аналитичари од Ерсте Групацијата да ги искажеме нашите препораки за справување со глобалните и со локалните предизвици што влијаат врз одржувањето на стабилна монетарна политика и стабилните услови за инвестирање во земјата и во регионот“ – изјави г. Борче Шулески, директор на Секторот за управување со средства во Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

sesta-konferencija-vo-organizacija-na-erste-banka-i-sparkasse-banka-makedonija-02.jpg

sesta-konferencija-vo-organizacija-na-erste-banka-i-sparkasse-banka-makedonija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Тијана Дапчевиќ во кул стајлинг во Скопје со специфични чорапи, по забавата со колегите од „Преспав“ Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg