Калиопи Букле со нова песна и видео запис, потпомогнато од Витаминка

(Прилеп, 05.11.2018) - Македонската естрадна ѕвезда Калиопи Букле ѝ го претстави на јавноста видео записот за својата нова песна наречена „Пресуда“. Во реализацијата на овој проект беше вклучена и Витаминка, како редовен поддржувач на музичката продукција. Целта на поддршката од Витаминка е заедничка успешна промоција на Витаминка и нејзините брендови, во Македонија и регионот.

kaliopi-bukle-so-nova-pesna-i-video-zapis-potpomognato-od-vitaminka-1.JPG

„Пресуда“ е моќна балада полна со емоции, испеана на српско-хрватски јазик. Во видео записот, покрај македонската дива, се појавува и брендот Атлантис, како дел од сценографијата. Со оглед на фактот дека песната е наменета за повеќе пазари, со позиционираноста на брендовите Витаминка и Атлантис, дополнително ќе се промовираат производите на сите околни пазари.

Првичните реакции на песната од тимот што беше инволвиран во создавањето се навистина одлични и интензивни. Зад музиката, текстот и аранжманот стои потписот на текстописецот Ромео Грил, а видео записот е снимен во најголем дел во Градски парк во Скопје. Песната е снимена во ГМП студио во Базел, Швајцарија и Морис студио во Загреб, Хрватска, а песната ја снимале Дон Карло Џовани (Базел) и Филип Видовиќ (Загреб), кој стои и зад миксот и мастерингот.

Би можело да ве интересира:

Калиопи емотивна за роденденот на бившиот сопруг Ромео Грил - му честита со ретро фотки (видео) „Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, не...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...

Најчитани неделава