Скопје во 2019 добива нов урбан фестивал - Undefest

Скопје добива нов урбан фестивал –  Undefest фестивал. Прогресивен, мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура. Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста, и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа придонесува за нивна промоција.

skopje-vo-2019-dobiva-nov-urban-festival-underfest-001.jpg

На 01 октомври оваа година Undefrest фестивал распиша конкурс, на кој што може да се пријават сите млади музичари кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Истите, своите податоци треба да ги испратат на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 31.12.2018. Оние кои ќе ги бидат избрани, ќе настапат на фестивалот, каде ќе можат да го презентираат својот креативен труд и своите авторски дела.

„До сега сме задоволни од интересот и одзивот на бендовите кои сакаат да настапат на овој фестивал. Како досега потврдени изедувачи би ги издвоиле: The Mole Pack, Kẽpurdhat, Класје, Replay, Илузија, Cruel, Fosfen, Vlado Yo, Tonal Noir, Фуснота и други. На Фестивалот исто така е предвиден и дел за помладата публика. Во тој дел ќе настапат младата и талентирана Јована Здравевска како и нашиот овогодишен претставник на детскиот Евросонг Марија Спасовска“, изјави претседателот на UNDERFEST, Бојан Трпевски.

Фестивалот ќе се одржи од 5ти до 7ми април 2019 година, во просториите на Public Room, во Скопје, а влезот за сите фестивалски денови ќе биде бесплатен. 

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...

Најчитани неделава