Првата фотоволтаична централа на ОКТА инсталирана во Единство Струмица пуштена во употреба

(Струмица, 29.11.2018) – ОКТА ја пушти во употребата првата фотоволтаична централа инсталирана на покривот на компанијата Конфекција и трикотажа АД Единство од Струмица. Поставувањето на централата е дел од десетгодишниот договор склучен со струмичката компанија за снабдување со електрична енергија по најповолни пазарни услови. Со овој чекор ОКТА влегува на пазарот на електрична енергија во двојна улога, и како снабдувач на електрична енергија и како производител.

Fotovoltaici Strumica_Photo 1.jpg

ОКТА започна процес на преобразба од нафтена во модерна енергетска компанија која во своето портфолио ги додава производството на електрична енергија од обновливи извори и снабдувањето и менаџирањето на енергија за своите клиенти. Преку договори со мали и средни индустриски компании кои трошат многу електрична енергија во својот производствен процес, но кои, исто така трошат и нафтени деривати и други енергенси (огревно дрво, јаглен), ние како субјект инвестираме во фотоволтаични електрични централи за производство на електрична енергија. Во исто време ОКТА ќе се грижи и за менаџментот на енергијата во компаниите, со што ќе придонесеме за поголема енергетска ефикасност, односно намалување на загубите во енергија на компаниите. Во секој случај, замената на јагленот, огревното дрво или мазутот со електрична енергија од обновлив извор, придонесува и за заштита на животната средина во местата каде што функционираат овие компании“, изјави Ристо Јаневски, Директор на Стратешко планирање и развој во ОКТА.

Инсталираната фотоволтаична централа е со моќност од 100 kW. Поставени се вкупно 352 панели од Canadian Solar, светски реномиран производител и 4 инвертори од познатата германска компанија SMA Solar Technology AG. На годишно ниво, централата ќе произведува 125 MWh зелена електрична енергија или околу една третина од вкупните потреби на компанијата Единство.

Fotovoltaici Strumica_Photo 2.jpg

Ова е навистина значаен чекор за нас со оглед на тоа што ќе овозможи значителна заштеда за компанијата, а посебно заради намалување на дисбалансот меѓу обемот на компанијата и потрошувачката. Покрај намалувањето на издатоците, замената на огревното дрво, мазутот и маслото за домаќинство како енергенси, веќе станува потреба и неминовност кон што сите компании треба да се движат. Со концептот што ни го понуди ОКТА и постигнатиот договор по најповолни пазарни услови, сме на добар пат кон зголемена ефективност и намалени трошоци“, изјави Иљо Кузманов, Управител на Конфекција и трикотажа АД Единство.

Неодамна ОКТА донираше фотоволтаична централа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, која е наменета за потребите на факултетот. Со стекнувањето на сите енергетски лиценци и предуслови за работа во овој сектор, ОКТА станува рамноправен стопански субјект на пазарот на електрична енергија.

Fotovoltaici Strumica_Photo 3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Едина Муса со нови семејни фотки: Мачка спие прегрнат со синот, таа тврди дека Максим е нејзина копи... „Дека сите викавте дека Максим личел на татко му“, напиша Едина, па објави ...
Драстична трансформација на брачен пар од Струмица: Таа ослабела 88kg, a тој 75kg со операција на же... Рахилка Лазаров (29) од Струмица ослабе 88kg - имала 165kg, сопругот ослабе 75kg...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“ „Имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“. Мики пре...
Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да и... „Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровс...

Најчитани неделава