Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Надградба на програмата „Вештини за успех“ - Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

nadgradba-na-programata-veshtini-za-uspeh-pivara-skopje-lansirashe-digitalna-platforma-za-edukacija-na-mladi-za-polesno-vrabotuvanje-01.jpg

Пивара Скопје креираше нова дигиталната платформа која ќе им овозможи на дополнителен број млади невработени лица, особено на оние што живеат во надвор од Скопје, по електронски пат, да ја  поминат бесплатната обука од програмата „Вештини за успех“ и на таков начин да стекнат знаења и вештини кои ќе им помогнат полесно да ги надминат пречките при вработување или за почнување сопствен бизнис.

Во првите две години од реализација на оваа програма, која досега се одвиваше само во просториите на Едукативниот центар на Пивара Скопје, обуката ја поминаа близу 1200 млади, од кои 71% се од женски пол. Со можностите што ги нуди дигиталната платформа, се очекува бројот на првично планираните 5600 лица кои би биле опфатени во програмата, да се достигне многу брзо, со што до крајот на 2020-та година би можел да биде и двојно поголем.

„Исклучително сме задоволни од досегашните резултати од реализацијата на нашата програма „Вештини за успех“. Тие покажуваат дека 36% од младите кои веќе ја поминаа обуката веќе успеаjа да се вработат. Ваквиот резултат, заедно со големиот интерес што секојдневно го добиваме од голем број млади лица кои сакаат да земат учество во програмата, дополнително нѐ охрабрува да продолжиме, заедно со нашите партнери, да вложуваме во развојот на младите. На овој начин веруваме дека ќе креираме дополнителни можности и перспективи за младите и ќе придонесеме за натамошно зголемување на вработувањето и развојот на претприемништвото во земјата“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер.

Реализацијата на овој програма на Пивара Скопје се одвива во соработка со државната Агенција за вработување која нуди постојана поддршка, особено во одредување на кандидатите на кои најмногу им се потребни ваков вид обуки, при што предност имаат младите од социјално ранливите категории.

„Сите економски параметри и релевантни прогнози укажуваат на тоа дека оваа година ќе ја завршиме со рекордно низок процент на вкупна невработеност во земјата. Но, и покрај тоа останува предизвикот да работиме на намалување на невработеноста кај младите која се уште е на високо ниво. Реализацијата на ваквите обуки, кои овозможуваат и учење на далечина, преку дигитална платформа, се компатибилни со стратегијата и мерките на Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Досегашните резултати што се постигнати со оваа програма се исклучително значајни и заслужуваат почит и поддршка од целата заедница“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Преку новата дигитална платформа, исто како и со обуките што се реализираат во просториите на Едукативниот центар на Пивара Скопје, младите добиваат можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, за креирање на развојни планови и управување со проекти, за ефикасно водење преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.

„Целокупната обука која преку новата дигитална платформа станува достапна за уште поголем број млади луѓе содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење. Тоа знаење и искуства на младите им го пренесуваат членови на менаџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномирани меѓународни организации, кои учествуваат во реализацијата на програмата, што секако е уникатна вредост за учесниците во обуките“, вели Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која е партнер на Пивара Скопје во реализацијата на овој проект.

Инаку, програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година. За досега оставарените резултати на полето на деловната едукација и својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Повеќе информации на www.polnacasa.mk

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со применит... Во изјава за Сакам да кажам, сестрата на Панчо од ДНК потврди дека музичарот се ...
Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа неде... Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg