Охридска банка Сосиете Женерал воведува дополнителна промоција на станбениот кредит „3+2“ и на кеш кредитот „Лесен кеш кредит“

Охридска банка Сосиете Женерал воведува дополнителни промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и кеш кредитот „Лесен кеш кредит“ со кои им овозможува на своите клиенти дополнителни олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и да олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот.

ohridska-banka-societe-general-voveduva-dopolnitelna-promocija-na-stanbeniot-kredit-3-2-i-na-kes-kreditot-lesen-kesh-kredit-01.png

Промотивно, до 31 декември, 2018 г., станбениот кредит „3+2“ е достапен за сите клиенти без нотарски трошоци, без административен трошок и без трошок за апликација, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од трошоците за апликација и административните трошоци.Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2018 година, каматната стапка започнува од 5,5%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. На пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 8 години со моделот (2+6), во првите две години каматната стапка изнесува 5,5%, а следствено на тоа ратата изнесува 8.053 денари, а од третата до осмата година, ратата од кредитот изнесува 8.688 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

ohridska-banka-societe-general-voveduva-dopolnitelna-promocija-na-stanbeniot-kredit-3-2-i-na-kes-kreditot-lesen-kesh-kredit-02.jpg

Охридска банка Сосиете Женерал со постојан труд и атрактивни пазарни понуди, обезбедува финансиски услуги кои на клиентите им овозможуваат напредно искуство, и квалитетни услуги кои совршено одговараат на нивните специфични потреби.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

За Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал еуниверзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за 

цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети - “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker” и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од “Global Finance“ и “Euromoney”. Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија, според познатиот магазин “Global Finance”.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...

Најчитани неделава