Мојот Vip, мобилна апликација за брз, лесен и прегледен увид на корисничките услуги

Скопје26 декември 2018г.  – Телекомуникациската компанија Vip повторно излегува во пресрет на своите корисници за побрзо и поедноставно дигитално искуство со новата верзија на мобилната апликација Мојот Vip со која корисниците добиваат дополнителна можност за контрола и едноставно управување со услугите што ги користат.

mojot-vip-mobilna-aplikacija-za-brz-lesen-i-pregleden-uvid-na-korisnichkite-uslugi-001.jpg

Редизајнот на Мојот Vip нуди виртуелен простор во кој корисниците добиваат можност самите да управуваат со своите услуги каде и да се наоѓаат без да одат во продажните салони и без да бараат помош од контакт центарот на Vip.

Корисниците добиваат бесплатна и апликација едноставна за користење со дополнителни корисни содржини како и полесно менаџирање на сметките, увид во сметката, нејзино плаќање, проверка на остварениот сообраќај и искористеноста на пакетите, проверка на состојбата на сметката или на припејд кредитот, проверка на тарифа, договорна обврска или валидност на припејд SIM.

Користејќи го богатото искуството на А1 Телеком Австрија Групацијата чиј член е Vip, апликацијата Мојот Vip е дизајнирана според современите светски трендови и според навиките и потребите на корисниците, а за македонскиот пазар е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Апликацијата Мојот Vip е достапна за корисниците на мобилната телефонија  во сите сегменти, пост пејд, при пејд како и деловните корисници и е бесплатна преку Google Play и App Store за поновите верзии на Android и iOS уреди.

Апликацијата Мојот Vip е уште еден доказ за посветеноста на компанијата кон дигитализација на процесите што придонесува кон обезбедување на супериорно дигитално корисничко искуство и развој на дигитално општество во целина.

Повеќе информации можете да добиете на страната https://www.vip.mk/mobilna-aplikacija

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Катарина топлес на плажа, Каролина први фотки со сопругот - Ретро фотки од 2016-та се тренд на Инста... „Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ис...
Стефанија од Струмица: „На 18 години добив просидба од соништата на Канео од мојот Мики“ „Имаше многу луѓе што се сликаа кај венецот на кој пишуваше „Marry me“. Мики пре...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава