ОКТА ги пренамени средствата за корпоративни подароци во донација за Заводот за ментално здравје „Младост“

(Скопје, 28.12.2018) – ОКТА донираше дигитален логопедски сет во Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ во Скопје. Со тоа компанијата ја продолжи праксата, финансиските средства предвидени за купување корпоративни подароци за бизнис партнерите да ги пренамени во донации за подобрување на условите за работа во институциите кои се грижат за најранливите категории. Ова се спроведува веќе 4-та година по ред и стана дел од компаниската предновогодишна, празнична традиција.

okta-gi-prenameni-sredstvata-za-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-zavodot-za-mentalno-zdravje-mladost-1.jpg

Со средствата е набавен дигитален логопедски сет, кој претставува високософистициран инструмент за обработка на звучниот сигнал. Логопедскиот сет е погоден за третман на различни говорни пореметувања, како и за рехабилитација на говорот и слухот кај децата со оштетен слух. На тој начин ќе придонесе да се подобри квалитетот, но во исто време и да се зголеми бројот на логопедски третмани во Заводот.  

По тој повод, во просториите на установата која оваа година го прославува својот 60 годишен јубилеј, донираната опрема беше претставена пред вработените. На настанот покрај претставниците на ОКТА беа присутни и д-р Злате Мехмедовиќ, директор на ЈЗУ „Здравствен дом“- Скопје, економскиот директор Бесим Кока, како и управничката на Заводот, д-р Лидија Трпеска Попоска, кои ја изразија својата искрена благодарност од името на целиот колектив и најмладите пациенти, директни корисници на донацијата. Тие потенцираа дека оваа донација ќе овозможи подобрување на квалитетот на здравствените услуги и на стручните третмани.

Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост” е здравствена институција во која се третираат пациенти со посебни потреби и развојни пореметувања. На годишно ниво, во Заводот се вршат просечно по 13.000 прегледи на пациенти од целата држава.

okta-gi-prenameni-sredstvata-za-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-zavodot-za-mentalno-zdravje-mladost-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава