Лазаров ги исполни новогодишните желби на децата на Детската клиника

Капитенот и неговите пријатели од "Форца" ги реализираа желбите на децата на одделот за онкологија.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-01.jpg

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата, посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди.

Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-003.jpg

Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија.

Тие имаат помеѓу 2 и 13 години, секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-004.jpg

Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од "Форца".

При посетата тој им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-005.jpg

Меѓу дечињата најголем беше Мерџан кој има 13 години и веќе не верува во Дедо Мраз но го препозна Кире, видно возбуден што е во неговата болничка соба, на средбата му посака многу среќа на престојното СП и му го покажа телевизорот на кој ќе го гледа и ќе навива за Македонија.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-006.jpg

Капитенот му вети дека до почетокот на Мундијалот ќе му испрати и дрес за Мерџан да биде вистински навивач.

Дел од дечињата беа заминати за празниците дома, а нивните подароци од Кире и "Форца" медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница.

lazarov-gi-ispolni-novogodisnite-zelbi-na-decata-na-detskata-klinika-001.jpg

Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава