Дојди на кафе и локум!

Веројатно еден од најпознатите традиционални деликатеси во Македонија е локумот. Идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат, домашниот локум е незаменлив десерт во секој дом. Тоа е мало слатко задоволство од скроб и шеќер, со парченца ореви, ф'стаци или лешници и вкус на вода од роза, наросено со шеќер во прав.

dojdi-na-kafe-i-lokum-01.jpg

Во денешни времиња ова турско задоволство – како што гласи и неговото второ име, на овие простори е малку подзаборавено поради сите возможни и невозможни десерти кои ги имаме во продавниците. Но, ако ги прашате постарите, особено во руралните подрачја и  помалите градови, тие ќе ви кажат дека нема повкусно слатко од тазе локум со кафе. Во арапскиот свет, локумот се нарекува ал-халкум што во буквален превод значи "утеха на грлото", така што со право можеме локумот да го наречеме вистински деликатес кој опстојува на овие простори со векови.

Точното потекло на овој десерт сè уште не е утврдено, но една од легендите вели дека пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармалад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно. Хаџи Бекир, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и ја отворил својата прва продавница за кондиторски производи во 1777 година. Тој потоа бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес претставува една од знаменитостите на Турција. Семејниот бизнис, сега во својата петта генерација, сè уште работи под името на основачот, а варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција.

dojdi-na-kafe-i-lokum-02.jpg

Овој веќе редок деликатес не може секогаш да се најде на полиците во супер маркетите. Затоа визијата на компанијата Дониа во Прилеп повторно да ни го доближи вкусот на локумот е навистина за пофалба.  Дониа денес е дел од реномираната компанија Макпрогрес и претставува национален бренд со доверба и асоцијација за традиционални и квалитетни производи кои се 100% природни.

Дониа, локумите, желето и алвата се дистрибуираат на национално ниво но и на пазарите во странство, како македонски производи, подготвени по традиционален рецепт.

dojdi-na-kafe-i-lokum-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...

Најчитани неделава