Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на Нова Осигурување АД Скопје се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, Халкбанк АД Скопје и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

halkbank-ke-otvori-svoja-osiguritelna-kompanija-01.JPG

Со оваа купопродажба, Халкбанк најави дека е новиот сопственик на осигурителната компанија, а допрва ќе следува целиот процес на ребрендирање.

„Следејќи ја успешната практика на нашата матична банка Халкбанк Турција, која е сопственик на осигурителната компанија Халк Сигорта, а со цел проширување на присутноста на нашиот бренд во рамките на финансискиот пазар во Македонија, отсега под името ХАЛК ќе се нудат и услуги во доменот на осигурувањето. Со оваа капитална инвестиција, убеден сум дека и позицијата на Халкбанк дополнително ќе се зацврсти како успешен и сигурен бренд и ќе дејствува во насока на понатамошен развој на компанијата во финансискиот сектор во земјата“, изјави д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк.

Инаку, Халкбанк Турција (Turkiye Halk Bankası A.Ş.) е доминантен акционер на Халкбанк АД Скопје и е една од најголемите банки на турскиот пазар, во чија сопственост се и друштвата Халк Лизинг, Халк Факторинг, Халк Инвестиции и Халк Пензиски фонд.

halkbank-ke-otvori-svoja-osiguritelna-kompanija-02.jpg

Халк Сигорта, пак, е една од најголемите осигурителни компании на турскиот пазар, која својата визија да биде водечка компанија и пример за дејствување во осигурителниот сектор, истовремено применувајќи иновативни и пионерски практики, ќе ја пренесе и на македонскиот осигурителен пазар.

Инаку, купопродажбата на Нова Осигурување АД Скопје се изврши на 9 јануари, а осигурителната компанија под брендот на Халк ќе започне со работа во претстојниот период.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава