Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Посебни услови за штедење и поволна каматна стапка само во среда.

nov-depozit-srekjna-sreda-do-halkbank-001.jpg

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови.

Поаѓајќи од премисата да се овозможат секогаш иновативни продукти и одлична услуга на своите клиенти, Банката нуди можности за орочување на вашите средства преку овој уникатно дизајниран производ, кој гарантира исклучително поволни услови за штедење и многу поволна каматна стапка, која е фиксна. Сѐ со цел, вашиот влог да расте сигурно и стабилно.

Имено, со промо депозитот на Халкбанк , Среќна Среда , секоја среда со минимален износ од 30.000 денари или 500 евра влог, можете да ги орочите вашите средства на 13 или на 25 месеци, со тоа што на 13 месеци доколку вашиот влог е во денари добивате 1,70% годишна каматна стапка, а пак доколку е во евра, добивате поволна каматна стапка од 0,90%. Доколку пак се одлучите вашата заштеда да ја орочите на 25 месеци, во денари каматната стапка изнесува 2,50%, а пак во евра 1,50%.

Всушност, за кој временски период и да се одлучите, исплатата на каматата би била на крајот на периодот на орочување или на месечно ниво, а дополнителна предност е тоа што влогот автоматски се реорочува по истекот на период на орочување.

Штедењето е вредна навика – секој ден. Меѓутоа, доколку се одлучите да ги вложите вашите средства, можеби денот среда ќе ви донесе посебна среќа, а неминовно е и дека ќе имате можност да ги искористите големиот број поволности. Затоа почнете да штедите среќно!

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава