Во Скопје Сити Мол можете да го наполните својот електричен автомобил

Скопје Сити Мол е првиот шопинг центар во Македонија каде што е поставена станица за полнење на електрични и приклучни хибридни возила...

vo-skopje-city-mall-mozete-da-go-napolnite-svojot-elektricen-avtomobil-01.jpg

Со поставување на полначот во Скопје Сити Мол, ЕВН продолжува со ширење на националната мрежа на јавно достапни полначи за електрични возила која во моментов брои повеќе од 40 полначи. Полначот во Скопје Сити Мол, што се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража, на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во шопинг центарот.

"Скопје Сити Мол како најголем шопинг центар во Македонија и регионот, уште еднаш покажа дека е лидер во своето работење. Од денеска официјално сакаме да ја известиме јавноста дека секој кој поседува електричен автомобил може истото да го полни во Скопје Сити Мол, без надомест. Голема благодарност до ЕВН што ја препознаа потребата да се постави ваков полнач во Скопје Сити Мол со оглед на тоа што електромобилните возила се иднината на автомобилската индустрија знаејќи дека овој тренд полека но сигурно доаѓа кај нас и регионот." – изјави Валентина Николовска менаџер за комерцијализација на Скопје Сити Мол.

vo-skopje-city-mall-mozete-da-go-napolnite-svojot-elektricen-avtomobil-02.jpg

Со овозможување на бесплатно паркирање и полнење во иницијалиот период, Скопје Сити Мол и ЕВН заеднички прават мал, но значаен чекор кон понатамошна афирмација на електромобилноста во Македонија. Сите сопственици на електрични возила ќе може да ја користат станицата откако претходно  поднесат барање за електронска картичка за полнење и картичка за паркинг. Барањата за двете картички можат да се поднесат во Скопје Сити Мол на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . За повеќе информации сите заинтересирани можат да се обратат во контакт центарот на Скопје Сити Мол, на телелефон 072/256-913.

Бројот на електрични автомобили на европско ниво од година во година расте, а како земји во кои најмногу се продаваат се секако високоразвиените европски земји, односно Норвешка и Германија. Продажбата на ваков тип автомобили во Македонија е значително помала, но бележи пораст и наскоро според експертите се очекува во континуитет да се зголемува.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава