Гответе со вашите најмали! Забавата во кујна со децата е непроценливо и поучно искуство

Дали некогаш сте помислиле дека кујната може да биде фасцинантно место за вашите деца? Всушност, уште пред да ги повикате да ви се придружат, нивната фасцинација е веќе подгреана, бидејќи досега повеќепати ве гледале како спретно и брзо работите сецкајќи зеленчук и превртувајќи ги нивните омилени палачинки. Па дури и набљудувањето на пареата од тенџерињата и волшебните мириси на сè она што е на менито таа вечер за нив претставува вистинска магија! Дури и повозрасните деца би можеле да бидат заинтригирани од тоа како се надигнува и се пече погачата во рерната.  Па од овој аспект гледано не постои причина зошто не би ги поканиле во кујната за да ви помогнат, давајќи им соодветни задачи за нивната возраст.

gotvete-so-vashite-najmali-zabavata-vo-kujna-so-decata-e-neprocenlivo-i-poucno-iskustvo-01.jpg

Едноставно обидете се да ја перципирате кујната како мала лабораторија и започнете со експериментите, ви ветуваме вашите деца ќе уживаат во овие активности и при тоа ќе научат нови вештини и ќе стекнат знаење повеќе од што сте очекувале. Доколку имате помали деца оставете ги да можат да гледаат што правите и понудете им  да ви помогнат со мали задачи, како мешање или поставување на масата. Додека оние повозрасните  можете да ги научите како да ги кршат јајцата или да ги мерат состојките. Дури и тинејџерите може да се привлечат во кујната ако им кажете дека можат да го изберат рецептот за подготовка и да ви помогнат  околу готвењето.

Но, пред да ги зголемите апетитите и амбициите во кујна со нив, започнете со помали чекори каде ќе се осигурате дека им давате задача во која тие лесно ќе се снајдат и ќе стекнат самодоверба за посериозни кулинарски вештини.  Започнете со правење палачинки! Рецептот е едноставен но, за да се осигурате дека смесата е идеална и нема да завршите со загорено тавче и залепени палачинки ви предлагаме да земете готова смеса за палачинки Fantasia, на Макпрогрес, и самоуверено започнете ја играта! Подготовката е толку едноставна што можете да им ја препуштите на најмалите додека вие ќе бидете задолжени за делот околу шпоретот, а најзабавниот момент доаѓа кога се мачкаат и декорираат, тука заеднички одврзете ја фантазијата и ќе се изненадите од можностите.

gotvete-so-vashite-najmali-zabavata-vo-kujna-so-decata-e-neprocenlivo-i-poucno-iskustvo-04.jpg

Доколку сте почетник во прилог ви предлагаме неколку идеи: 

gotvete-so-vashite-najmali-zabavata-vo-kujna-so-decata-e-neprocenlivo-i-poucno-iskustvo-03.png

gotvete-so-vashite-najmali-zabavata-vo-kujna-so-decata-e-neprocenlivo-i-poucno-iskustvo-02.png

Готвење со деца овозможува практично искуство со многу основни вештини како што се читање, следење на насоки и мерење. Вклучувањето во готвењето му помага на вашето дете да развие добри моторни вештини, координација на очите, па дури и рани концепти за математика и наука. Постојат толку многу придобивки од готвење со деца.

И не заборавјате: децата учат со допирање, дегустација, чувство, мирис и слушање. Тие ги сакаат активностите во кујната затоа што можат да ги искористат сите придобивки од готвењето со сетилни чувства. Постојат многу начини да ги вклучите децата и во готвењето, потребно е само малце време и фантазија.

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава