Макпрогрес прогласена за „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“

Синоќа за првпат се одржа свеченото доделување на наградите „Целите за одржлив развој 2019“ каде македонската лидерска прехрамбена компанија „Макпрогрес“ се закити со наградата „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“. Наградата беше доделена за време на свечената церемонија која се одржа во Македонската филхармонија од страна на вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, г. Кочо Анѓушев.

makprogres-proglasena-za-kompanija-predvodnik-na-celite-za-odrzliv-razvoj-2019-001.jpg

Оваа награда  и припадна на Макпрогрес врз основа на три веќе реализирани проекти во текот на изминатата 2018 година и тоа: поставување на сончеви панели со помош на кои оваа комапнија започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на производството. Па така компанијата оваа година планира да користи околу 30% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија произведена директно од сонцето. Потоа тука е и донацијата на производи од нивната широка палета на децата од СОС Детско Село со што докажаа дека се вистински пријатели со срце. Истакнат беше и проектот за професионално насочување, можности за стипендирање, привремено и трајно вработување на матуранти.

„Оваа награда за одржливост за нас е од огромно значење и претставува потврда за напорите да ги промовираме инспиративните иницијативи на Макпрогрес кои нудат конкретни решенија и можности за постигнување на целите на одржливиот развој. Ние целиме кон задоволување на потребите на денешните генерации, без да се загрози способноста, потенцијалот и потребите на идните генерации. Нашата програма за одржлив развој вклучува сеопфатен пристап во кој економските, социјалните и еколошките аспекти се споени во една целина. Уште еднаш благодарност за довербата која ни е укажана со оваа награда. Таа за нас е уште поголем мотив да продолижиме во оваа насока“, изјави г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.

На настанот поздравни говори до присутните одржаа: г. Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија и г. Бенџамин Перкс,  вршител на должност Постојан коодинатор на ООН во земјава.

Настанот е во организација на здружението на граѓани од Македонија “Конект“, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира:

Македонската Барби на Малдиви, по запросувањето во Дубаи: „Дами, ви посакувам огнен љубовник и чанта... Верица Китанова од Струмица, го покажа фит телото во бикини од Кјара Ферањи, а п...
Лидија Кочовска: „Јас, Тања и татко ми добивме дијабет во исто време - кога мајка ми со Алцхајмер се... „Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, таа беше со Алцхајмерова деменција и прво...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Љубов под Ајфелова кула - Сара Мејс и Димитар Атанасовски без децата на романтично патување во Париз... „Таман си мислев ќе го задржиме Гинисовиот рекорд на луѓе што отишле во Париз, а...
Перо Антиќ со руса коса, Таско со кадрици - Како би изгледале познатите Македонци со имиџ создаден о... Можете ли да го замислите Перо Антиќ со руса коса? А Васил Зафирчев ќелав? AI со...
„Ти си она што го сакам бејбе“ - Виртуелни графити со македонски песни низ Скопје, се хит на Инстагр... „Идејата за графитите ми дојде спонтано, за некако да ја оживееме македонската м...

Најчитани неделава