Љубов под Ајфелова кула - Сара Мејс и Димитар Атанасовски без децата на романтично патување во Париз
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
„Таман си мислев ќе го задржиме Гинисовиот рекорд на луѓе што отишле во Париз, а не ставиле слика со Ајфелова, и ете, не ме додржа срце“ - вели Сара, која сподели романтични фотографии со сопругот од градот на светлината.

Иако таму беа за концертот на Бијонсе, сепак вистински уживаа во многуте работи што им ги понуди еден од најромантичните светски градови - прошетки близу Ајфелова кула, посета на Мулен Руж, возење велосипеди покрај Сена, кафе во некое од париските бистроа...

Парот, бил сместен во мало хотелче лоцирано на самата река, а Сара на Инстаграм сподели фотографии и од него, но и од продавницата за харфи која ја посетиле, а каде што по нејзиниот лик може да се види дека е среќна како дете.

Сара вели дека не сакала да сподели фотографии на Инстаграм, но сепак, тоа што го доживеала во Париз било толку добро, што не издржала.
„Таман си мислев ќе го задржиме Гинисовиот рекорд на луѓе што отишле во Париз, а не ставиле слика со Ајфелова, и ете, не ме додржа срце, седнав да направам пост…
Вака листајќи по сликиве и деновиве таму, сфатив дека нема шанси да опфатам сè од она што успеавме да видиме во еден пост. Бијонсe ви ја спремам специјално во посебен, Мулен Руж исто… и уште некои активности.
Ова е дел од еден ден, во кој опфативме Ајфелова, Операта, продавница за харфи (нормално), некое кафе и последните фотки ни се од хотелчето (прејако вајбче беше, на сред Сена)“ - напиша Сара.

Погледнете повеќе фотографии oд нивното патување:



