Франшизата „Хелен Дорон“ која е застапена и во Македонија прогласена за најдобар светски бренд за едукација на деца

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за  едукација на деца на глобално ниво од  престижниот Global Franchise Magazine,  со што  се препознава како докажан светски бренд  кој што е лидер во детската едукација. Наградата беше доделена во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година, лично на г-ѓата Хелен Дорон која е основач и креатор на оваа успешна франшиза.

franshizata-helen-doron-koja-e-zastapena-i-vo-makedonija-proglasena-za-najdobar-svetski-brend-za-edukacija-na-deca-001.jpg

Helen Doron English e глобална франшиза и постои веќе 35 години. Застапена е во повеќе од 40 држави, на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиона едуцирани деца . Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот  систем на едуцирање на децата преку кој што децата се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.

-Среќни сме што можеме да го споделиме  чувството на среќа дека овој светски познат бренд за едукација постои и во нашата држава веќе шеста година и успешно работи, изјавија од  „Хелен Дорон“ – Македонија. Франшизата  „Хелен Дорон“ во Македонија е застапена во 14 училишни центри, на 14 локации и во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани  и задоволни  ученици, како и двојно поголемиот број на задоволни  родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава.  „Хелен Дорон“ во Македонија е една од докажаните социјално - одговорни компании, која што секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството на различни теми кои се од голема  важност како што се: децата со посебни потреби, заштитата на животните, здравата исхрана, екологијата и потребата од рециклирање, читањето на книги и др.

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава