Кажи ми колку ме сакаш во Капитол мол на 7-ми март 2019

Во Капитол мол малите на уникатен начин ќе им кажат на своите мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат.

kazi-mi-kolku-me-sakas-vo-kapitol-mall-na-7mi-mart-2019-001.jpg

Скопје, (05.03.2019) - Капитол мол по повод празникот на жената, 8-ми март, подготви специјална креативна програма за малите дечиња кои со своите рачиња треба да им покажат на нивните мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат. Со голема палета на бои тие ќе ги исцртаат своите чувства.

На 7-ми март од 18.00 часот Капитол мол ги повикува сите да бидат дел од изворот на среќата за секоја жена. За 365 дена љубов, со 365 нијанси на бои, малите со своите раце ќе ја покажат својата љубов затоа што не е важно дали е 8-ми март или било кој ден од годината.  За оваа иницијатива од Капитол мол велат: „Сакаме сите да го почуствуваат тоа што најискрено го има во емоциите на најмалите и да ја видат на платно почитта која ја имаме сите кон жената.“ Овој настан е прекрасна можност преку креативност и разнобојност да се поттикнат децата да ги покажуваат своите чувства отворено овозможувајќи им среќен и природен развој.

Капитол мол во период од 7-ми до 10-ти март подготви и специјални изненадувања за припадничките на понежниот пол, а тимот на Kids Park & 4Bowling ќе ги израдува најмалите и најмилите со креативни работилници и многу насмевки.

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава