DISTRIKT NEW RISING STAR ги бара музичките таленти

Скопје Мериот хотел и Дистрикт бар и ресторан со новиот проект DISTRIKT NEW RISING STAR, е во потрага по неоткриени музички таленти. Хотелот со отворен повик ги повикува сите талентирани музичари кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати и откриени, да се пријават и со тоа да добијат шанса за настап во ресторанот на Скопје Мериот хотел.

DISTRIKT NEW RISING STAR.jpg

Отворениот повик е упатен до сите музички ентузијасти, бендови, DJ-и, дуо, соло артисти или можеби гитаристи кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати. Преку дадената можност за настап во својот ресторан, Скопје Мериот хотел им помага на младите таленти да го покажат она што го знаат, да ги исполнат своите сценски соништа и да се доближат до сопствениот можен успех.

Сè што треба да направите за да се пријавите е да испратите аудио или видео снимка од вашата изведба, име и презиме, возраст, контакт инфо и ваша фотографија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Потрагата по New Rising Star ќе трае во текот на целата година, но бидете меѓу првите и аплицирајте веднаш!

За повеќе информации и прашања околу отворениот повик достапен е телефонскиот број 071 238 522. Искористете ја шансата и бидете новата ѕвезда на Дистрикт.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава