Витаминка за сите жени вработени во компанијата организира бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи.

vitaminka-za-site-zeni-vraboteni-vo-kompanijata-organizira-besplatni-eho-pregledi-na-dojka-vo-svoite-prostorii-001.jpg

(Прилеп, 15.03.2019) – Повеќе од 300 жени вработени во Витаминка добиваат преглед со ехо на дојка во просториите на самата фабрика. Ехо-апаратот е поставен во соодветна просторија во компанијата и во текот на неколку дена се извршуваат прегледите. Вработените што се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување.

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата: „Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје“, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира:

Маја Гроздановска Панчева за менопаузата: „Се здебелив 10kg, носев широка облека цело време“ „Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со кол...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Дури 85% од луѓето во светот имаат барем една родова предрасуда кон жените Речиси 85% од луѓето во светот имаат барем една родова предрасуда кон жените, по...
Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...

Најчитани неделава