Паметен дом за модерно живеење, новo Smart Home решениe во понудата на Македонски Телеком

Паметните домови стануваат составен дел од модерното живеење денес, едноставно затоа што го прават животот побезбеден и подобар. На пазарот секојдневно се појавуваат нови решенија, а овој тренд се очекува наскоро да стане секојдневие и во нашите домови.

pameten-dom-za-moderno-ziveete-novo-smart-home-resenie-vo-ponudata-na-makedonski-telekom-001.jpg

Само со неколку уреди можеме да заштедиме електрична енергија, да ги координираме уредите кои веќе ги користиме, да ги нагодиме да го следат нашиот ритам на живеење. Кога нашиот дом станува паметен со помош на технологијата, ние добиваме повеќе слободно време за себе, за своите пријатели, за своето семејство, штедиме ресурси и градиме совесен однос кон животната средина.

Паметните сензори нè алармираат кога прозорецот или вратата на кои се поставени ќе се отвори, со нив вклучуваме и исклучуваме сијалици и со еден клик можеме да ги контролираме сите смарт уреди во домот.

Паметните ЛЕД сијалици, освен што штедат енергија, се нагодуваат според желбата на корисникот и тоа и според бојата и според интензитетот на светлината, а се вклучуваат и исклучуваат преку мобилна апликација. Безбедносната камера важи за еден од најкористените паметни уреди во домот, затоа што овозможува 24-часовен надзор, максимална сигурност и контрола на сè што се случува.

Решениeто за паметен дом кое ги вклучува паметните сензори, сијалиците и безбедносната камера е овозможени од Xiaomi и отсега е достапно во понудата на Македонски Телеком, за 1 денар со договор за фамилијарен буџет со две мобилни линии во Magenta 1 M.

Повеќе информации на https://www.telekom.mk/smart-home.nspx

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...

Најчитани неделава