Дистрикт бар и ресторан посветува вечер на совршена комбинација на храна со вина од Винарија Тиквеш

(Скопје, 10.04.2019) - Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series. Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски.

distrikt-bar-i-restoran-posvetuva-vecer-na-sovrsena-kombinacija-na-hrana-so-vina-od-vinarija-tikves-001.jpg

Целта на организирање на ваквите вечери е да се упатат уживателите во тајните на изборот на соодветното вино и на кој начин виното влијае на вкусот на храната и обратно. За таа цел, Главниот шеф Ставрев подготви специјално мени составено од шест специјалитети од различни светски кујни, кои одговараат на вкусовите, сортата и типот на селектираните вина од винарија Тиквеш во консултација со енолозите.

„И храната и виното го нудат најголемото гастрономско уживање, секое посебно, но врвното уживање доаѓа кога ќе бидат споени вистинската храна со соодветното вино. Можеме да уживаме и да се предадеме на вкусот на едното или на другото, можеме дури и да уживаме во среќно избран пар, но додека не ги дознаеме техниките и тајните што се кријат зад парот, не знаеме колку многу пропуштаме. Комбинирањето вино со храна, има моќ да ги истакне, отвори и поттикне вкусовите, затоа треба да знаеме како да го најдеме соодветниот пар на храна и вино“, вели Кирил Ставрев, главен шеф во Дистрикт.

Соодветно на шесте специјалитети влезени во менито, енолозите од Винарија Тиквеш избраа шест вина од нивното Premium портфолио, чии карактеристики совршено се совпаѓаат со вкусовите на храната.

Заради ограничениот број на места, заинтересираните потребно е да резервираат на телефонскиот број 071 238 522.

Би можело да ве интересира:

Шеф Никола ги покажа родителите, објави ретка фотка на роденденот на татко му: „Ти си моја гордост“ „Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ...
Шеф Никола со роденденска порака за сопругата: „Фала што ме трпиш секој ден, ветувам ќе те нервирам ... „Официјално си уште една година постара… ама не се секирај - за мене си секогаш ...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Jeлена Спенџарска дипли облека, чисти тоалет дома: „Ова за некого е кошмар, за мене е медитација“ (в... „Исто, топ!“, „Неделното чистење е ментален детокс“, гласат дел од позитивните к...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...

Најчитани неделава